Фудбал

Додека татко му е киднапиран, Луис Диаз даде гол за Ливерпул

Ливерпул се спаси во последните секунди од мечот со последнопласираниот на табела во Премиер лига, Лутон. Голот за 1:1 и бод за „црвените“ го постигна Колумбиецот Луис Диаз кој минува низ најтешкиот период во животот.

Само што го прогласија за најдобар голман во светот, се посрамоти

Емилиано Мартинез, на кој пред неколку дена Франс фудбал, на база на настапите на Мундијалот во Катар и освојувањето на светската титула, му додели награда за број 1 голман во светот, прими ептен киксерски гол од Нотингем Форест за пораз на Астон Вила од 2:0.

Дарвин Нуњез има некој разместен нишан кога е сам пред гол

Ливерпул киксна против Лутон на гости и на сите фамилијарни маки 1:1 им извади Луис Диаз дури во 95-та минута. Него што му се случува на Нуњез кога ќе излезе сам пред гол? Стана специјалист за вакви утки.

Оптичката илузија на топката кога е на гол линија

Холандска телевизија во која гостува Рафаел ван дер Варт мести топка во студио до линија за да покаже колку знаат да лажат некои агли. Вие ја мислите дека е надвор, а нема везе. Инаку правилото е јасно. За да биде гол, мора цела да влезе.

Блескав настап на Столе Димитриевски против Реал Мадрид

Рајо Ваљекано успеа да му оддолее на Реал Мадрид среде „Сантијаго Бернабеу“ и реми 0:0 да земе голем и драгоцен бод. За играч на мечот е прогласен македонскиот голман Столе Димитриевски.

Има ли логика на овој да му се дозволи повеќе да игра фудбал?

Некаде во нисколигашкиот полски фудбал, се појавува еден опасен јунак со број 21 кој со интелигенција ала Сергеј Милинковиќ Савиќ, им го испи мозокот на неколкумина. Забавата ја расипува еден крамањонец, симнат од планина.

Кејн покажа дека го надраснал германскиот фудбал

Баерн Минхен уште еднаш докажа дека му нема рамен во цела Бундеслига. И покрај тоа што Баварците минатата недела срамно испаднаа во германскиот Куп од третолигашот Сарбрикен и сите очекуваа Дортмунд конечно да го победи Баерн, синоќа гостите од Баварија демонстрираа страшна моќ и славеа со 0-4 во германскиот Дер Класикер.

Деби гол на Трајковски за победа на Хајдук

Маестрален ноемвриски старт за македонските напаѓачи. По Елмас и Миовски, мрежата ја тресе и Александар Трајковски кој со својот прв гол за Хајдук, му носи победа на својот тим против Рудеш од 1:0.

Абердин е финалист благодарение на херојот Бојан

Македонскиот напаѓач не застанува и стигна до гол број 10 сезонава во Шкотска на сите натпреварувања. Абердин ќе игра финале во Лига Купот откако го совлада Хибернианс со 0:1 со голот на Миовски во 78-ма минута, кој го претрча пола терен и го матираше голманот за голема победа.

Лудница во Бразил - спектаклот на Маракана го доби Флуминенсе

Еден од најстарите бразилски клубови, Флуминенсе за првпат во својата клупска историја стигна до највредниот пехар во Јужна Америка, откако синоќа во спектакуларно финале на култната „Маракана“ со 2-1 ја совлада Бока Јуниорс после продолженијата. Во регуларниот дел беше 1-1.

Во Кавадарци досуден смешен пенал, на терен влета градоначалникот

Бидејќи судиската лакрдија е нели веќе општо позната, па и здодевна, на нашиот фудбал му требаше некоја нова додатна циркузијада на тоа, како на пример да се вмеша градоначалник и да им покаже среден прст на судиите, кои да бидеме реални, го заслужуваат. Па за што би пишувале инаку? Срцки тие.

Соло мајсторија на Елмас за деби гол сезонава

Не можеше да посака поубав гол Елиф Елмас како прв за оваа сезона. Тргна сам со топка од средина на теренот, си поигра со својот чувар и лесно во свој стил го реши и него и голманот за конечни 0:2 за Наполи против Салернитана. Македонскиот репрезентативец влезе во 67-ма минута, а убавиот погодок го постигна во 82-ра минута.

Француските клубови започнаа со еко-патувања

По препораката на француските власти и еколошки друштва, фудбалските клубови од Лига 1 на своите гостувања ќе патуваат и со воз, наместо со авиони, со цел заштита на животната средина. Монпеље на гости кај ПСЖ стигнал со воз. Патувањето траело околу три ипол часа, а растојанието меѓу двата града е 750 км.

Илјадници Аргентинци ја запоседнаа Копакабана пред финалето, излегла војска

Ваква фудбалска грозница одамна немало во Јужна Америка. На нозе е цел Рио де Жанеиро, а властите на улица ја извадиле и војската. Причина: утре од 21:00 се игра големото финале на Копа Либертадорес меѓу Флуминенсе и Бока Хуниорс на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Го одбил Ајакс за да глуми во крими серија

Великанот од Амстердам веќе подолго време минува низ најголемата криза во долгата клупска историја. Како резултатски така и управувачки, Ајакс е на самото дно. И прашање е како ќе се крене од таму.

Маестрални голови на новата надеж на Реал

Во мега дербито на бразилскиот фудбал, лидерот на тамошната Серија А Ботафого и второпласираниот Палмеираш одигаа луд натпревар со дури седум гола. Домаќините водеа 3-0 во 36’ минута а Палмеираш славел на крај 3:4 со комплетен пресврт во 90+9’ минута. Ендрик, 17-годишниот фудбалер кој од следната година оди во Реал Мадрид, постигна два прекрасни гола.

Меси откри кој му е најдраг од повеќе од 800 гола во кариерата

Лео во една прилика раскажа дека најубаво му е кога ќе се сети на голот со глава во финале на Лига на шампиони во Рим против Манчестер Јунајтед кога Барселона го освои пехарот. Овојпат откри дека сепак најдраг му е оној против Реал во полуфинале на Лига на шампиони на „Сантијаго Бернабеу“ во 2011-та година.

Како изгледа една течна и одлично смислена акција на Интер?

Симоне Инѕаги е можеби еден од најпотценетите тренери, кој да не заборавиме успеа да го однесе Интер во финале во ЛШ. Погледнете ја оваа шема со многу итриштина. Го враќа Барела како стопер, а важна улога во акцијата изненадно му дава на Ачерби, инаку задолжен за одбрана.

Баерн доживеа еден од најболни порази во историјата

Нова сензација во Купот на Германија. Баерн Минхен изгуби од третолигашот Сарбрикен 2-1 со примен гол во 90+6’ минута! Уште еднаш во својата богата клупска историја Баварците потклекнаа пред третолигаш кој е на 15-то место во трета лига.

Реакцијата на Јирген Клоп кога дознал за дебаклот на Манчестер Јунајтед

По големо невреме и силен дожд Ливерпул успеа да го преброди тешкото гостување кај Борнмут на гости во Лига Купот и со победа 1-2 се пласираше во следната фаза. На прес-конференција после мечот Клоп забележал на еден телевизор дека крајниот резултат на мечот Ман. Јунајтед - Њукасл е 0:3 па имаше интересна реакција.

Пандев раскажува пикантерии пред првиот гол во Серија А

Се работи за сезоната 2003/2004 во Анкона, кога Горан имал 20 години и имал слаба минутажа, па кај тренерот ургирал 10 години постариот од него Милан Рапаиќ кој му бил цимер и кој го отрул со цигари во соба.

Радарот на Реал улови уште еден талент, од Ирска

Наџ Рази има 17 години. По потекло е Алжирец. Игра за ирскиот клуб Шамрок Роверс во тамошната лига. Носи број 10, веќе е првотимец, а има настапи и за младинските селекции на Ирска У17 и У16. Веќе го следат бројни ловци на таленти од европските гиганти, а наводно Реал Мадрид го пикирал. „Кралскиот клуб“ летово го купи најголемиот турски талент Арда Ѓулер, а со 20-годишниот Џуд Белингем покажа во која насока оди.

Како изгледа лицето на Гросо после каменувањето на навивачите на Марсеј

Навивачите на Олимпик Марсеј му приредија викендов дивјачки пречек на Лион, а работата до толку излезе од контрола, што мечот не се ни одигра. Најдебелиот крај го изеде стратегот на гостите Фабио Гросо, кој завршил со 13 конци.

Од кај го извади спринтов?

На меч против Гранада, ако ти се падне да го бркаш или да се бориш за топка со Брајан Сарагоса, треба да си Болт. Висок е 164см или 6см понизок од Меси и едноставно нема стигање. Не потсети на Бејл со оној славен трк кога излезе од терен и успеа да се врати, нешто што на 22 годишното крило му успеа на другата линија покрај гол.