Фудбал

Македонија ја победи Бугарија на хуманитарниот меч за Кочани, гол и асистенција на Пандев

Фудбалските ветерани на Македонија и Бугарија го одиграа пријателскиот, хуманитарен натпревар за жртвите во Кочани. Помина во пријателска атмосфера.

Фрустриран од поразот, Ридигер го гаѓаше судијата со шише

Финалето на шпанскиот Куп на кралот донесе луд натпревар за чиј опис треба страници и страници. По крајот од натпреварот, фрустрирани поради поразот во продолженија, фудбалерите на Реал Мадрид му се пуштија на главниот судија и на неговите помошници. Црвени картони добија Ридигер, Лукас Васкез, Џуд Белингам кои ги чека суспензија од најмалку 1 натпревар. Ридигер дури и тргна да се тепа со судијата па го спречуваа.

Спектакл во финале на шпански Куп на кралот - Барса чудесно го урна Реал Мадрид

Во неверојатен дуел кој уште долго ќе се прераскажува, Барселона во продолженија го совлада Реал Мадрид 3:2 после голем пресврт и заслужено стигна до пехарот.

Интелигентно додавање на Јамал, бомба на Педри

Иако се игра на неутрален терен во Севиља, фудбалерите на Барселона се наметнаа како газди во првото полувреме на финалето од Копа дел Реј. Водат 1:0 со голчиштето на Педри во 28 минута, кој доби топка од тинејџерот Јамал, кој игра многу зрело за годините. 

Вембанјама е цар, игра фудбал со локалци во Коста Рика

Ѕвездата на Сан Антонио, кој предвреме ја заврши сезоната порави откриена длабока венска тромбоза, е на одмор во Коста Рика. Ама тоа ѕвезда е муабет кој не важи за него. Ставил патики, шорц - Љубаниште и отишол на партија фудбал. Горе гол.

Погрешен скаутинг на денот

Извадете му ги ракавиците, тргнете од гол, дајте му дрес со број 10 и ставете му капитенска лента.

Најава за документарецот на Агуеро

Му даде многу на фудбалот, посебно на Манчестер Сити каде сè уште е прв стрелец во историјата со 184 гола и рекордни 12 хет-трикови. 15 трофеи подигна на Етихад, а голот за титула во последна минута е посебна приказна. Има два европски пехари и 101 гол за Атлетико, но кога направи кам бек во Шпанија, толку беше. Проблемите со срцето го оставија на 4 настапи за Барселона и збогум со фудбалот за жал на само 31 година. Има многу мастрав за документарец на овој човек, кој беше фантастичен и за Аргентина за која постигна 41 гол.

Најубавиот пораз во кариерата на Мурињо

Почна како преведувач на Боби Робсон во Барселона. Имаше можност да работи во клуб со големи тренери и играчи, но никогаш не ја доби работата на Камп Ноу за која многумина сонуваат. Дојде денот за еден вид одмазда, а тоа е незаборавната 2009/2010 со Интер. Ретко кој не веруваше дека ќе го поминат тоа полуфинале, но го поминаа на негов начин и со негова игра. Со победа дома од 3:1 и пораз на гости од 1:0. За Мурињо, тоа е најубавиот пораз во кариерата.

Најдобрите 11 на Лестер со кои играл Варди

Беше повеќе од јасно дека ќе ги одбере Шмајхел, Канте и Марез. Инаку ниту еден од тие што ги избра, не е актуелен играч на Лестер. 38 годишиот Џејми Варди ќе останет запаметен како уникатна приказна во Лестер, со кој ја круниса неверојатната сезона 2015/2016 со титула.

Голманот на Барселона Шчесни: „Толку добро игра екипава што можам да си запалам цигара на гол“

Откако во октомври лани 2024-та дојде во Барселона, ветеранот Војчех Шчесни набрзо стана миленик на навивачите и на шпанската фудбалска јавност. Тој искрено неколку пати признал дека е страствен пушач и дека ја изгубил таа борба.

Луд гол во 97-ма минута во Холандија

Има ли послатко од тоа да го спасиш својот тим од пораз во 97-ма минута, со голчиште за најавни шпици? Мајсторијата стои зад името на Мекс Мердинк од АЗ Алкмар на мечот против Бреда.

Јаја Туре раскажува колку било тешко да се чува Кристијано Роналдо

Некогашниот повеќекратен најдобар фудбалер на Африка, Јаја Туре, кој доминираше во Барселона и Манчестер Сити, на гостување во подкастот кој го води Оби Микел раскажа колку било тешко да се сопре Португалецот.

Перишиќ сезонава е претплатен на убави голови и асистенции

Хрватскиот ветеран, Иван Перишиќ растура на свои 36 години, а сезонава за клуб и репрезентација има неверојатен придонес од 22 гола. Стрелаше атрактивно и на гостувањето против Твенте кое ПСВ го доби со 1:3, а намести и гол.

Роналдо крка просечна македонска плата во една минута

До средината на 2025 година, нето вредноста на Роналдо се предвидува дека ќе достигне 1,24 милијарди долари. Што значи Георгина ако сака може да кива во пари. Над пола милион евра дневно му даваат според најновиот договор до крај на јуни следната година. Претеризам.

70 години Сафет Сушиќ, Папата од Сараево кој ги скара Интер и Торино

Тој еден од великаните на последната репрезентација на Југославија пред војната. Дел од постарите го сметаат и за најдобар, а истото го тврди и Дејо Геније. Потпиша и за Интер и Торино, се вмеша и Рома, но на крај победи ПСЖ.

Крај на една убава бајка - Џејми Варди го напушта Лестер после 13 години

Една од најголемите клупски легенди на Лестер и творец на шампионското чудо во 2016-та година, 38-годишниот Џејми Варди по крајот на сезоната ќе ги напушти „лисиците“, соопшти клубот денес.

Најк со преубаво видео го врати ретро дресот на Холандија

Гигантот за производство на спортска опрема Најк повторно го сошил дресот Тотал 90 на Холандија во кој „лалињата“ играа на Еуро 2004. Едгар Давидс, Руд Ван Нистелрој, Робен дете итн.

Наскоро излегува документарецот на Нетфликс за Винисиус

Како што самиот Бразилец од Реал Мадрид вели, сакал да тргне по стапките на своите идоли Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, па и за него да се сними документарка за Нетфликс. И желбата му се остварила. На 15-ти мај ќе се прикаже премиерно документарецот насловен „Baila, Vini“ (Танцувај Вини). 24-годишниот ѕвезден фудбалер ќе раскаже за своите почетоци.

Како Куртоа го спаси Реал

По минималниот триумф на Барселона над Мајорка и Реал Мадрид беше под голем притисок да мора да победи на гостување во мадридското предградие. И победи. Ама таму налета на тврд орев. Хетафе имаше 20 шута од кои 6 во рамки на противничкиот гол а сите 6 ги одбрани Тибо Куртоа од кои 5 беа удари од самиот шеснаесетник. На крај заслужено највисока оцена доби белгискиот голман и признание за играч на мечот. Победничкиот гол за триумф 0-1 го даде Турчинот Арда Ѓулер.

Пенал без залет, нема поглупа работа

Либертад од Парагвај загуби дома од Сао Паоло со 0:2. Има и зошто. Вака не се шутира пенал ни на тренинг.

Јака акробација на Тати Кастељанос

Јувентус киксна на гости со Парма 1:0, а Лацио ја совлада Џенова на гости со 0:2 и сега битката за ЛШ е тотално неизвесна и хаотична. За издвојување е евроголот на Аргентинецот Тати Кастељанос. Па и Фиорентина држи чекор, бидејќи славеше 1:2 против Каљари.

Лука Јовиќ го потопи Интер и го остави без сон за тројна круна

Чекаше, чекаше долго време српскиот репрезентативец и конечно дочека своја шанса. Тренерот на Милан Серџо Консеисао почна да има повеќе доверба во Лука Јовиќ а тој му врати со два гола во големото градско дерби, и тоа во полуфинале на Куп на Италија каде росонерите го згромија Интер со 0-3.

Емирати одамна не видел таков гол како синоќа

Во прекрасно мало градско дерби Арсенал и Кристал Палас постигнаа 4 гола и поделија по бод. Арсенал водеше 1-0, па 2-1 и на крај Французинот Жан-Филип Матета во 83-та минута постигна прекрасен еврогол со лоб. Сега на табелата во Премиер лига Ливерпул е прв со 79 бода, 12 повеќе од Арсенал но и натпревар помалку имаат црвените кои наскоро би можеле да ја осигураат новата шампионска титула.