Фудбал

Кога Зидан играше самба против Бразилците

Уф на каков клип налетавме. 1 минутен фудбалски празник со неповторливиот Зинедин Зидан. Франција vs Бразил, конечни 1:0 во четвртфинале на СП 2006. Никој друг во свет нема вака играно против Бразилците. Не е нормален.

Паненка на денот

На дуелот меѓу АЕК Атина и Атромитос во грчката Супер лига досудени биле дури три пенали. Домаќинот повел во 31’ минута преку Нордин Амбрабат. Гостите израмниле во 89’ минута со гол на Карол Ангриелски. Последниот пенал на мечот го изведе Мијат Гачиновиќ кој направи чудесна паненка во последни секунди од натпреварот. Храбро.

Вардар три месеци чека одговор од УЈП, ПУИК, владата, како и 15 милиони денари од Град Скопје

Најновата прес конференција, Вардарци ја почнаа во 5 до 12, како симболика на времето во кое веќе подолго време се наоѓа клубот. Во преговори се со инвеститор од странство. Главните институции и натаму глуви.

Рома сo посебно видео му го честиташе роденденот на Тоти

Симболот на Рома завчера наполни 47, а вчера го покажаа на трибините во Џенова, како го гледа дебаклот на неговиот тим од 4:1. Админот на Рома објави перфектно добра монтажа со 14 асистенции и 14 голови на Тоти, односно топки кои би оделе од Тоти за Тоти.

Фудбалерот со најдобар прием на свет

Ријад Марез по бројните трофеи кои ги освои со Лестер Сити (шампионска титула 2015/2016), со Ман. Сити (Лига на шампиони 2022/2023, 4 шампионски титули во Премиер, 2 ФА Купа, 3 Лига Купа и 1 Комјунити Шилд, на 32 години реши да замине во Саудиска Арабија. За астрономски богат договор потпиша со Ал Ахли. И таму како во Европа ја демонстрира својата чудесна техника.

Ти да видиш Рафа како игра фудбал

„Бикот од Мајорка“ е голем навивач на Реал Мадрид и не пропушта прилика да го гледа „кралскиот клуб“. И самиот Рафа неколку пати играл фудбал на ревијални средби и може да се каже дека левицата со нога му е прецизна и силна и како со рака.

Не е секој Проведел, да се разбереме

Во мексиканската Liga de Expansión MX, основана во 2020-та година во рамки на „Проект на стабилизација“ од Мексиканската фудбалска федерација играат послабо рангирани и финансиски послаби клубови. На меч меѓу Морелиа и Селаеи домашниот голман Сантијаго Рамирез сакал да биде јунак во продолжение при резултат 1:2 за гостите. Ама неговиот колега од другата страна испадна помудар.

Маестрални дриблинзи и гол на дете на Јуве во Фрозиноне

Масимилијано Алегри одлучи во финишот на преодниот рок да позајми два млади бисери во Фрозиноне. Да добијат поголемо играчко време. Аргентинецот Матијас Суле (20) веќе покажува дека е спремен играч за Јувентус. На мечот со Фиорентина постигна гол и имаше маестрални потези.

Најлогичното новинарско прашање до Чави пред битките со Рамос и Пепе

Барса вечерва игра дома против Севиља, а во вторник му гостува на Порто, па новинар од тоа извлече интересно прашање со кое го изнасмеа Чави. Вели вака: Следните два меча ви се против тимот на Рамос и тимот на Пепе, се плашите ли за безбедноста на вашите играчи?

Индонезиски хаос на денот

Кога Мегваер би имал улога на стопер, голман и напаѓач, од прилика вака би изгледала една контра.

Норвешка во историја нема видено ваков чудесен еврогол

Ако некој фати да прави топ 10 листа на најатрактивни голови со ножички, нека избере девет и нека ја остави празна позицијата број 1. Таа без конкуренција му припаѓа на 23 годишниот Камерунец од Бодо Глимт, Фарис Пеми Мумбања. Ја реализираше во полуфиналето од Норвешкиот Куп против Валеренга, кој Бодо Глимт го доби на гости со 2:4. Страшна акробативна мајсторија.

Чешка фудбалска увертира со италијански звуци

Славија Прага е најстар клуб во Чешка кој постои 131 година, втор најтрофеен од независноста на земјата, како и многу добро организиран и забавен за публиката. Погледнете го воведот пред градското дерби против Спарта Прага. Девојките ја свират славната „Sarà perché ti amo“, а навивачите ја возат со нив.

Во Куп на Словачка татко бранел за една екипа а син за друга

Четириесет и пет годишниот аматерски голман Денис Кукучка никогаш не заиграл во најдобрата словачка лига туку играл во пониските лиги. Во средата во Купот на Словачка неговиот тим Частковце имал чест да игра против прволигашот Тренчин. Се држел нисколигашот против далеку посилниот Тренчин и на крај изгубил минимално 1-2. За гостите бранел синот на Денис, Михал Кукучка.

Во Колумбија веќе паднал најубавиот гол на сезоната

Во Купот на Колумбија, тамошниот трофеен Атлетико Насионал со 0-3 го згромил лидерот на табела во првенство Рионегро Агилас. Вториот погодок на гостите, дело на Роберт Мехија го сметаат за најубав на сезоната досега.

Формата е минлива, класата е вечна

Во првиот дуел од полуфиналето на Копа Судамерикана, ЛДУ Кито со 3-0 убедливо ја совлада аргентинска Дефенса и Јустисија и носи огромна предност на реваншот. Играч на мечот бил 39-годишниот легендарен Перуанец, Хозе Паоло Гуереро кој постигнал два прекрасни гола.

Жирона е неочекуван лидер пред Реал и Барса во Ла Лига

Новата сезона е како бајка за шпанска Жирона. Тимот предводен од одличниот тренер Мичел го совлада и Виљареал со 2:1 во натпревар во кој создале 10 шанси за гол за 90 минути и имале 14 удари кон противничкиот гол.

Лазар Самарџиќ направи дар мар во Неапол и даде убав гол

Италијанскиот шампион Наполи со 4-1 убедливо го совлада Удинезе. Цел натпревар помина во тоа да се види како ќе се однесуваат Осимен, навивачите и Руди Гарсија. Нигериецот даде и гол, се ракуваше со тренерот, Кваратцхелија се израдува на гол после цели 6 месеци и 27 меча, но мајсторија имаше и српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.

Кваратцхелија даде гол после 191 ден

Лидерот на грузиската репрезентација која е на одличен пат да се пласира на прво Европско првенство во историјата, Квича Кваратцхелија синоќа на мечот Наполи - Удинезе (4-1) постигна гол после 27 натпревари и 191 ден од последниот погодок. Грузиецот лани заедно со Виктор Осимен беа најзаслужни за освоеното скудето на Наполи.

Што му напишаа навивачите на Наполи на Осимен?

Виктор Осимен постигна гол против Удинезе, се поздрави со Руди Гарсија, а Наполи победи. Се чини работите се стабилизираат. Но стигна порака и од трибина.

Сензационален гол на Ипсвич за голем пресврт од 0-2

Англискиот Лига Куп донесе некои интересни резултати. Њукасл со 1-0 го елиминираше шампионот Манчестер Сити, а Ипсвич направи прокласен пресврт. Губеше 0-2 од премиерлигашот Вулверхемптон уште во 15’ минута. Но до крајот израмнија и во финишот, во 88’ минута Џек Тејлор приреди експлозија со еврогол од 25 метри!

Им падна Спортинг Лисабон во Куп па се прерадуваа

Оливаиш е Мошкавиде е мало клупче од предградие на Лисабон. Нивното стадионче „Алфредо Маркес Аугусто“ собира 2.730 гледачи. На жребот за Куп на Португалија со нетрпение очекуваа да видат кој ќе им падне. Кога го извлекоа гигантот Спортинг, играчите не можеа да поверуваат.

Проектилот на Берарди со кој ја смрзна Меаца

Гризеа за него многу поголеми екипи, како Јувентус и Лацио, ама Доменико Берарди реши да му остане верен на Сасуоло веќе 11-та сезона. Синоќа го комплетираше пресвртот против Интер од 1:0 на 1:2 и му го нанесе првиот пораз сезонава. Какво голчиште е ова? Ко Килијан Мбапе да го гледаме.

Како ли успеа да го промаши ова Де Кетеларе?

22 годишниот Белгиец кој не се снајде во Милан и на 40 средби не успеа да постигне ниту еден гол, бележи добар старт на позајмица во Аталанта, а веќе запиша и 2 гола. Синоќа против Верона се посрамоти, па среќа што победија 0:1.

Им ја прибра топката царот, готово

Не само што ја прибра, туку и знае да ја води и во сеф ја чува како Иниеста. Коментаторот дополнително и даде шмек на акцијата, а инаку целата забава се случува во Мексико.