Фудбал

Дон Карло Анчелоти на одмор

Карло Анчелоти, најтрофејниот тренер во Лига на шампиони кој како играч и тренер дури 7 пати го кревал трофејот од највредното клупско натпрварување, периодов ужива во САД на одмор со сопругата Марина. Заслужено после шампионска титула со Реал Мадрид во Ла Лига и во Лига на шампиони.

Децата на Шпанија кои играа лист-камен-ножички

Младите Ламин Јамал (стана најмлад играч во историјата на Европски првенства со само 16 години и 338 дена) и Нико Вилијамс (21 година, брат на Ињаки Вилијамс од Атлетик Билбао) се најголеми ѕвезди во досегашниот тек од Еуро2024. Ламин и Нико Вилијамс во сенка фрлија светски мегаѕвезди како Мбапе, Хари Кејн, Левандовски, Фил Фоден и Џуд Белингем и се најзаслужни што Шпанија доминантно измаршира до четвртфинале на Европското. А сепак се уште само деца.

Мислиш Бразил го тепале во финале

Англија извади гз против Словачка во 95-та минута и како најголем фаворит според кладилниците, за сега тотално потфрли и со играта и со резултатите. Од четири средби има само една победа остварена во регуларни 90 минути, онаа против Србија. Инаку беа финалисти на последното ЕП. Се прерадуваа против селекција која треба глатко да ја совладаат со оглед на тоа каков тим имаат.

Германија веќе сега има најдобар турнир од последните 3 големи првенства

Германската фудбалска репрезентација игра супер Европско првенство и веќе се пласираше во 1/4 финале каде ќе ги чека класикот со Шпанија. Селекторот Јулијан Нагелсман донел некои нови ветришта во репрезентацијата на Германија и тоа е видливо.

Грузијците треба да бидат горди

Прв пат го осетија чувството наречено Европско првенство и уште на дебито направија сензација. Победа над скапата Португалија и пласман во осминафинале. Па уште имаа и водство над Шпанија. Нема за што да жалат. Се претставија борбено, со многу жар и желба, многу поголеми од некои други репрезентации кои се посрамотија. Навивачите тоа го гледаат и го ценат.

Заврши Европското за симпатичната Грузија, Шпанците се немилосрдни

Ако некоја селекција може да се издвои како најсериозен кандидат за европската титула, тоа дефинитивно е Шпанија. Единствена со 3 од 3 во групна фаза, а потоа висока победа од 4:1 против Грузија, крунисана со убедлива игра и прв примен гол на ЕП. Екстра класа репрезентација со опасна младина во налет. Четвртфиналето ќе им биде прв сериозен испит, бидејќи противникот се вика Германија.

А ја видовте ли шансата на Словачка од пола терен за 0:2?

Содржаен беше третиот осминафинален меч меѓу Англија и Словачка, со многу шанси и вкупно три голови. За малку можеше да биде и кобен за Англичаните кои во 55 минута се спасија од негатива од 0:2. Давид Стрелец се обиде од пола терен да го изненади Пикфорд.

Белингем ја спаси Англија од бламажа во 95-та минута, Кејн ја однесе во четвртфинале

Секунди ја делеа селекцијата на Словачка од сензационален пласман во четвртфинале, а тоа ќе беше срам број 2 на уште еден гигант на ЕП 2024. Англичаните ја минаа осминафиналната пречкап реку потешкиот пат, со пресврт и победа од 2:1 во 120 минути фудбал. Ја имаме и првата четвртфинална битка: Англија - Швајцарија на 6 јули.

Им фалеше Јуве

Италија е четирикратен светски и двократен европски првак. Читател ни прати евиденција за тоа по колку репрезентативци имал Јувентус кога ги постигнувале овие успеси. И во право е човекот. Спалети во прв тим против Швајцарија ги имаше Киеза и Фаџоли, против Шпанија и Албанија само Киеза, а против Хрватска ниту еден играч на Јуве во првите 11.

Германија е Германија, заверија четвртфинале

Далеку понеизвесен, поинтересен и поатрактивен беше вториот меч од осминафиналната фаза на ЕП. Домаќините славеа 2:0 со вкупно 17 удари од кои 10 во рамки на гол, за разлика од Италијанците кои првиот шут го имаа во 72-ра минута. По еден поништен гол со ВАР на двете страни, како и 25 минутен прекин поради невреме.

Ариведерчи Италија, антифудбал играат

Актуелниот првак на Европа капитулираше во нокаут фазата и со пораз од Швајцарија од 2:0 си ги пакува куферите за дома. Безлична, безидејна и немоќна Италија која го бележи првиот пораз во 11-то осминафинале на Европските првенства. Очај и бламажа e нивниот настап на ова ЕП. Стрелци Ремо Фројлер и Рубен Варгас. 

Швајцарија има 2:0 со голчиште по само 28 секунди игра

По слабото прво полувреме и негативата од 1:0, Италија не можеше полошо да го стартува вториот дел. Прими уште еден гол на самиот старт, дело на Рубен Варгас кој со прекрасен удар го матираше Донарума.

Џиџо ја спаси Италија да не биде 3:0

Блед настап на актуелниот европски првак во првите 45 минути на првото осминафинале на ЕП 2024. Швајцарците заслужено водат 1:0, резултат кој лесно можеше да биде поголем ако на голот не беше Џанлуиџи Донарума. Спаси два чисти гола.

Кога Македонци не го познале Хамшик па им кажал за Пандев

Марек Хамшик е една од најголемите легенди на Наполи и на Словачка. Тој забележа 520 настапи за Наполи од 2007 до 2019 и стана играч со најголем број натпревари за наполитанците. Постигна 121 гол, имаше 103 асистенции и им донесе пехар во Купот на Италија. Едно време играше заедно со Горан Пандев со кого се дружеле многу во Неапол. Марек (36) е веќе во фудбалска пензија и е дел од стручниот штаб на словачката репрезентација. Препознатлив беше по ексцентричната фризура „чироки“. Ама еднаш некои Македонци не го познале и побарале да ги слика.

Очоболот во Ц групата

Само Англија - Србија (1:0) не заврши нерешено во оваа група. Три средби се со резултат 1:1, а последните две 0:0. Вкупно 7 гола на 6 средби. Тапа издание од страна на сите четири репрезентации кои со право заслужуваат критики.

10 милиони евра за сензационалното осминафинале, уште 20 милиони ако ја победат Шпанија

Грузија е хит број 1 на ова ЕП. Добија премија за сработеното од најбогатиот Грузиец на светот како никој до сега.

Таско: Панчев и Пандев седат како Путин и Макрон

Коментаторската легенда Атанас Костовски, човекот кој го вршеше преносот од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација и кој има известувано од 7 Светски и 6 Европски првенства, поентираше кусо и прецизно.

Убава си како гол во 90-та минута

Славјето на Унгарците за погодокот против Шкотска во 90+10’ минута (најдоцна постигнат гол во историјата на Европските првенства) кој ги однесе понатаму во осминафинале.

Германецот Филкруг му прати дрес на човекот кој го повреди со топка

Со два постигнати погодока, Никлас Филкруг го дели третото место на листата најдобри стрелци на Еуро2024. Филкруг постигна прекрасен гол со страшно силен шут против Шкотска, а постигна гол и против Унгарија.

Голчиште на Американците и глупав потег на Веа

Два меча се одиграа во Копа Америка, пандан на ЕП. Уругвај ја торпедира Боливија со 5:0, а САД загуби од Панама 2:1 со пресврт. Американците поведоа со прекрасниот погодок на Балогун во 22 минута, но 4 минути претходно останаа без напаѓачот на Јувентус, Тимоти Веа кој доби заслужен црвен картон.

Го паметите ли октоподот Пол кој погоди 12 од 14 резултати на Европско и Светско првенство?

Репрезентацијата на Германија силно го стартуваше актуелното Европско првенство, славеше 5:1 против Шкотска а после и 2:0 против Унгарија. На ден пред мечот, беше продолжена некогашната забава животни да погаѓаат победник, па така овојпат орангутанот Валтер од зоолошката во Дортмунд го предвидел успехот на Германија.

Влаховиќ на мобилен дознава дека нема да биде стартер против Данска?

Нејасна е ситуацијата во српската фудбалска репрезентација. Има или нема хемија во овој тим? Имаат или немаат взаемна почит играчите со Пикси? Во Катар топ тема во медиумите беа наводните секс афери, а на ова ЕП најголемо медиумско внимание се даде на изјавата на Тадиќ дека ја почитува, ама не се согласува со селекторската одлука што не беше стартер уште во прво коло. Српските медиуми веќе „го сменија“ Пикси и извадија четири кандидати за негови наследници. На Твитер кружи видео со кое се тврди дека ѕвездата на Јуве со неколку соиграчи, преку сајтот на УЕФА дознаваат кој ќе игра во прв тим против Данска. Чудно.

А Бразилец што глумеше после допир со судија?

Дејверсон од Палмеирас уште ја чува наградата најдобра глума на фудбалски меч последниве години. До толку глумат што дури и по контакт со судија паѓаат.