Фудбал

Роденденскиот маратон на Шурле

Светскиот првак Андре Шурле го откачи фудбалот на 29 години, ама не за да безделничари по јахти и да се пропие. Неговиот спортски живот е бетер откако е во пензија. За роденден на пример истрча 42 км. Позаслужена пица и торта на биоскоп.

Рој Кин откако зет му даде гол за Англија против Ирска

Република Ирска се држеше добро на „Вембли“ во Лига на Нации до 53' минута кога почна страшна канонада на Англија. Од тој момент кога Хари Кејн од пенал го отвори резултатот па сè до 58-ма минута Ирска прими три гола и губеше 3:0. До крај Англичаните „пукнаа петарда“ и со 5:0 ги испратија гостите. Меѓу стрелците беше и младиот стопер Тејлор Харвуд-Белис (22) од Саутемптон кој постигна дебитантски гол со глава.

Победа над Фарски Острови за сигурен и доминантен крај во Лига на нации

Македонската фудбалска репрезентација триумфално ја заврши годината и го потврди првото место во групата, а со тоа и промоцијата во Лига Б. За пласман во баражот за Светско ќе мора да ја почекаме разврската.

Дали и како Македонија може до бараж за СП преку Лига на нации?

Многу од спортските портали во Македонија, по гостинската победа над Ерменија напишаа дека ќе играме БАРАЖ ЗА СП - со оглед на тоа што ќе бидеме прво место во групата „4“ од сегментот „Ц“ во Лигата на нации. Реалноста е малку поинаква. 

Што е со слободниов удар во Африка, па не се гледа топката?

Запознајте го Абубакари Коита од Мавританија, инаку член на АЕК Атина, кој со ненормален гол го отвори гостувањето против Боцвана во Африканскиот Куп на нации. Значи не Роберто Карлос од Бразил, туку Абубакари од Мавританија. Отиде мрежата.

Столе испрати порака од Градски до Валенсија

Незаменливиот чувар на голот на Македонија сезонава нема клупски настапи, но затоа за репрезентација нема примен гол на последните четири средби. По завршувањето на синоќешната победа над Летонија од 1:0, извади маица со емотивна порака: „За сите жртви во Валенсија…Напред Валенсија“.

Кои клубови им даваат најмногу шанси на млади играчи?

Ако се види табелава нема да чуди претпоставката дека Франција е фудбалски обезбедена за наредни години. Француските клубови им даваат најголема шанса на младите фудбалери. Бројни француски прволигаши пуштаат „во оган“ тинејџери по 17-18 години. Од нив после некои ќе стигнат и до А тимот на Франција. На табелата Барселона е лидер откако се вратија на правата приказна со Ла Масија.

Куртис Џонс со деби гол од соништата

Англичаните и се одмаздија на Грција за поразот дома и тоа убедливо со 0:3 и сега се први во група со идентичен број на бодови. Првиот репрезентативен настап го имаше 23 годишниот Куртис Џонс од Ливерпул, кој си поигра со грчката одбрана со мангупски потег.

Парагвај го порази светскиот првак со пресврт, спектакуларен гол на Санабриа

Селекцијата на Парагвај направи големо изненадување во јужноамериканските квалификации за СП 2026. Ја доби Аргентина со пресврт 2:1, која дојде со полн состав. На погодокот на Лаутаро Мартинез во 11 минута, домаќините одговорија по само 8 минути со шоу голчиште на Антонио Санабриа од Торино. На Твитер го споредуваат со оние незаборавни ножички на Роналдо на мечот Реал - Јуве.

Венецуела пушти прскалки на терен против Бразил

Венецуела синоќа прослави историско реми против Бразил (1:1). На претходните 10 меча во Каракас, Бразил секогаш славеше, 10 победи. Сега Венецуела успеа да се избори за нерешен резултат. Винисиус промаши пенал а домаќинот израмни со прекрасен гол. Во финишот кога кариоките бркаа цел плен, се вклучија прскалки на теренот, ненамерно или не, а судијата го прекина на кратко мечот.

Мајсторија на Рафиња од слободен удар, двојно промашување на Винисус од 11 метри

Селекцијата на Бразил повторно киксираше во мундијалските квалификации каде е трет на табела, со само 5 победи по 11 кола. Одигра 1:1 против Венецула на гости. Резултатот го отвори Рафиња со прекрасен гол, но во вториот дел домаќините израмнија, а Винисиус лошо го изведе пеналот, а потоа го утна цел гол.

Победа на Македонија над Летонија за пласман во Б дивизија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва минимално со 1-0 ја совлада Летонија во претпоследното коло од групната фаза во Лига на Нации и осигура прво место и пласман во погорна дивизија.

Кои играчи имаат најмногу голови и асистенции досега сезонава?

Швеѓанецот со унгарско потекло од Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш и натаму е неприкосновен лидер на листата најдобри стрелци во најсилните 10 европски лиги. Тој има вкупно 34 гола и асистенции на 22 натпревари за клуб и репрезентација. Втор е Хари Кејн, а трет е најголемото откровение на сезоната, Египќанецот од Ајнтрахт Франкфурт Омар Мармуш.

Асистенцијата на Меси во Катар за која Де Јонг и Ван Дајк се чуделе во соблекувална

Холандија ги заврши настапите на последното Светско во осминафинале каде налета на Аргентина. Им се вратија после негатива од 2:0 и тоа со голови во 83` и 90`+11`, но загубија на пенали. Првиот гол на мечот го даде Молина, по едно додавање на Меси кое веројатно никој не го очекуваше.

Луда ноќ во НБА, Вембанјама експлодираше со 50 поени, а Антетокумпо даде 59

Никогаш во историјата на НБА не се случило во една ноќ еден играч да има 55+ поени, втор 50+, трет 45+ и четврт 40+. Тоа се случува за прв пат.

Емотивна исповед на Адријано за фавелата: „Овде не сум за алкохол, дрога и жени, овде сум слободен“

Пред неколку недели се појави ново видео на кое се гледа како некогаш најмоќниот напаѓач на светот Бразилецот Адријано бос и летва пијан се тетерави по улиците на една од фавелите во Рио де Жанеиро. Тоа како да било повод одново да се праша Бразилецот за неговата душевна состојба и мирисот на фавелите.

Последните 6 месеци на Матс Хумелс

Легендарниот 35 годишен стопер кој во 2014-та стана светски првак со Германија и кој има 5 трофеи со Борусија и 7 со Баерн, не му оди баш во последно време. Како стандарден првотимец цела кариера во Бундеслигата, не може место да фати во Серија А. 

Фина лекција од Кристијано Роналдо: „Нема ништо поубаво од играњето за својата земја“

Капитенот на Португалија на гала вечера во Лисабон примил награда од својот матичен фудбалски сојуз на Португалија за сите заслуги што ги имаше и уште ги има за репрезентацијата.

Како во Португалија школуваат деца фудбалери како не треба?

Интересно промотивно видео од фудбалската федерација на Португалија. Едукативно. Покажува во какви фудбалери утре би израснале децата ако се однесуваат вака:

Не ти играм ја со лудациве, бомба под нозе ми рокнаа

Јужноамериканскиот фудбал е уникатна спортска приказна која се доживува со посебна страст. Ама па и никој не ти гарантира дека ќе се вратиш дома цел. На мечот Атлетико Минеиро - Фламенго, голманот кога виде со кого си има работа, му ја даде топката на судијата и си замина.

Еднаш во кариера се местат вака коцките од корнер

Ние постарите ја паметиме петицата на Манчини во Лацио, како и на Ѕола во Челси. Само на Ибра му успеваа вакви велемајстории повеќе од еднаш во кариерата, друг не паметиме. Ќеифот на душата си го направи Херемиас Николас Луко, кој е член на аргентинскиот прволигаш Атлетико Белграно. 2005-та е роден малиот. Мераци од гол.

Керем ли е Роналдо ли е?

Бенфика го згроми Порто со 4-1 во најголемото португалско дерби и фати приклучок на табелата. Сега Бенфика е трета со 25 бода но и меч помалку од лидерот Спортинг Лисабон кој има 33 и Порто кој има 27. Турчинот Керем Актуркоглу (26) не даде гол ама беше еден од најдобрите на теренот. Веќе има 8 гола и 3 асистенции за Бенфика и е еден од најдобрите трансфери во европскиот фудбал сезонава.

Убав дијалог меѓу италијански новинар и Сака

На 11 јули 2021-ва на Вембли, Бакајо Сака на 19 години доби мега тешка задача, а тоа е да го изведе пеналот од петтата серија во финалето на ЕП. Но го промаши, а Италија стана шампион. Три години подоцна, новинар од Италија му се обрати ем професионално, ем со убави пофални зборови за кои доби благодарам. Вака треба на прес. Убав пример.

Тек па во хотел што беше

Ова е ден после историскиот триумф над Грузија. Горан, Рики, Боби и другарите беа во транс и го имаа најзаслуженото славје, а Џамбо и екипата си заминаа дома со дебел бакшиш.