Фудбал

Зошто терените на Копа Америка се помали од другите?

На интересно видео налетавме за време на Копа Америка која се игра на помали терени од сите други во светот. Домаќин е САД, а проблемот е што дел од стадионите се помали од стандардните димензии 105x68 и за да биде фер другите се намалени за сите да бидат исти. На дефанзивците тоа им одговара, на напаѓачите не. Еве зошто.

Купени навивачи vs оригинални навивачи

ФИФА направи што направи со Мундијалот во Катар кој беше далечна дестинација за милиони навивачи од целиот свет кој таму не можеа да уживаат во целосна слобода. Домаќинот и организатор Катар дури беше приморан да ангажира некои локални работници од разни земји од светот да навиваат за некои селекции па сето тоа изгледаше на циркус. Еве како е на Европското 2024.

Лука Дончиќ го разби Нов Зеланд и сега го чека мегдан со страшниот Антетокумбо

Во вториот квалификациски меч за Олимписки Игри во групата која се игра во Атина, Грција го совлада Египет 93:71, а Словенија го разби Нов Зеланд со 26 поени разлика 104:78.

Какво голчиште на ветеранот Гансо од Флуминенсе

Во дербито на колото во бразилската Серија А додека трае Копа Америка и цел фокус на Јужна Америка е таму, играа Флуминенсе и Интернасионал. Дербито завршило 1-1. Гостите повеле во 40’ минута преку Игор Гомез, а домашните израмниле со страшен погодок и мајсторија на Пауло Енрике Гансо.

Од камен да е, Руни да е

И двајцата ни беа во Скопје и двајцата ни дадоа по еден гол во два различни меча. Крауч не го дава Руни за жива глава или сепак не?

Меси упропасти паненка, но за пенали херојската задача е на Емилиано Мартинез

Можеби е луд, но оди смени го да те видам од голманска позиција. Пред две години ја промени цела фудбалска историја на Аргентина и еве го пак е јунак.

Италија на ЕП 2021 vs Италија на ЕП 2024

Нè копкаше да видиме во што се разликува Италија од пред три години и сега, за од европски првак да падне толку ниско и што ќе видиме. Скоро никој да нема од шампионите. Двајца без тројца.

Некому е животот Мануел Нојер, а некому Тер-Штеген

Репрезентацијата на Германија самоуверено стигна до 1/8 финале на Европското првенство а во селекцијата и натаму има еден необичен куриозитет. Голманот на Барселона, еден од најдобрите светски голмани Марк-Андре тер Штеген и натаму, цели 12 години не добива шанса. Од познати причини.

Денот ни го направи видеово од ЕП 2024

Добро побогу од каде идеиве и кој се занимава со вакво нешто за време на ВАР ситуации? Генијалци.

Има нова финта во фудбалот - се вика Чигвада

Наречена е по младиот 16-годишен фудбалер на Манчестер Сити У17, Давид Чингвада. Овој голем талент на меч со Ајакс У17 направил штос кој го понесува неговото име.

Изјава пред мегданот од Шпанецот Хоселу

Утревечер, петок од 18:00 се игра големиот европски класик меѓу Германија и Шпанија. Четвртфинале на Европско првенство. Битка на титаните. Две селекции кои покажаа најмногу од сите останати на турнирот. Ќе биде штета која и да испадне од игра за трофејот. Ветеранот Хоселу (34) кој играше во Реал Мадрид со легендата Тони Крос за неговиот другар од репрезентацијата на Германија вели:

Како Арда Ѓулер ги стиши австриските навивачи

Голема битка се водеше меѓу Турција и Австрија во 1/8 финалето на Еуро2024. И турските и австриските навивачи беа толку внесени во мечот што во налет фрлаа секакви предмети по теренот. И едните и другите. При еден корнер од кој Турција поведе, Арда Ѓулер бил гаѓан од австриска страна со сè што ќе им се најде. На крај им одговори со стил.

Соиграч на Столе со песна ја водеше големата толпа во Тбилиси

Грузија е најубавата фудбалска приказна на ова Европско првенство, бидејќи како најслабо рангирана селекција и како дебитант, успеа да победи една Португалија и да се пласира во осминафинале. Сцените од Тбилиси се велелепни, а огромниот пречек за борбените фудбалери целосно заслужен. Голманот на Валенсија, Мамардашвили беше во елемент.

И Мајк Тајсон навива за Турците

Бизнисменот Вахап Огуз Арслан кој е близок пријател со Тајсон изјавил дека долго работи на разни проекти со легендарниот боксер. Воодушевени од играта на турската фудбалска репрезентација, решиле да ги изненадат фудбалерите со потпишана боксерска ракавица. Специјално од Тајсон како поддршка за понатамошните борби на Еуро2024. За возврат му пратиле дрес потпишан од сите репрезентативци.

10 години од незаборавното ремек дело на Давид Луиз

Јаки времеплови и јубилеи вади месец јули. На денешен ден на СП 2014 домаќинот Бразил славеше над Колумбија во четвртфинале со два гола на двајца дефанзивци, Тиаго Силва и Давид Луиз. Некои слободни удари едноставно не се исти како сите други. Давид изгледа има вечерано со Жунињо.

Најлудата одбрана на Европското со разни коментатори

Турскиот коментатор од државната телевизија ТРТ падна во транс, а шокирани од одбраната на турскиот голман Ѓунок Мерт во последните секунди од мечот со Турција беа и други светски коментатори.

Добри поенти за (не)успесите на Пикси

Дарјан Недељковиќ од Моцарт спорт со едноминутно хируршки прецизно излагање.

Статус на денот кој кратко и јасно го опишува Европското

Швајцарија до 92-ра имаше победа над Германија, а во осминафинале ја елиминираше Италија. Англија ја победи тенко Србија и се спаси во 95-та минута со Словачка. Франција е четвртфиналист со два автогола и пенал. Белгија загуби од Словачка и е веќе елиминирана, Грузија ја победи Португалија, која пак се извади со Словенија на пенали. Хрватска не победи никого, а во топ 8 се наоѓа Турција. Доволно е? Поранешниот македонски репрезентативец, Панче Ќумбев без филозофирање и со една реченица ги констатираше фактите на ЕП 2024.

Мертезакер со збор-два за шпанската игра

Шпанија е светска спортска империја. Нема спорт во кој не се при врвот. Така е и на актуелното Еуро2024 каде „црвената фурија“ покажа најмногу од сите. Играат неверојатно убав фудбал и се одвојуваат од сите други со својот стил. Некогашниот стопер на германската репрезентација и Арсенал, Пер Мертезакер во кратки црти ги опишува.

Што означува гестот што го направи турскиот јунак Мерих Демирал?

Некогашниот стопер на Сасуоло, Јувентус и Аталанта, Мерих Демирал со два прекрасни гола со глава после корнери беше најзаслужен што Турција ја совлада Австрија 2-1 во 1/8 финале и се пласираше во 1/4 финале каде ја чека Холандија.

Овие се редари или дивјаци?

Не знаеме што правел навивачов за време на мечот меѓу Португалија и Словенија, само знаеме дека не курчи силеџиство, особено вакво кога пет души млатат еден. Што им е работа на овие, да исфрлат некој од стадион ако прави бељи или да се испразнат врз него?

Херојската интервенција на Гунок во 95-та минута со турски коментатор

Дефинитивно помалите репрезентации на ова ЕП одиграа поинтересен фудбал со поголема жар и борбеност. Денеска репрезентациите беа многу поконкретни во напад за разлика од некои манекени. Холандија имаше 24 удари кон гол, а на вториот дуел Австрија 21. Но победи Турција со двата гола на дефанзивецот Демирал и одличниот Мерт Гунок кој ја направија една од најјаките одбрани на турнирот и ја спаси звојата земја од продолженија.

Помали фудбалски земји поголема драма, Турција е четвртфиналист, ќе се соочи со Холандија

Момците на Винченцо Монтела ја израдуваа фанатичната фудбалска јавност во Турција и го обезбедија третото четвртфинале во историјата на ЕП. Демирал како стопер ја реши Австрија со два комада од кои првиот во 58-ма секунда. Ќе имаат силен противник, а тоа е Холандија која на моќен начин со 3:0 ја збриша Романија.