Фудбалерите на Унионистас од Саламанка кои во 16 финалето на шпанскиот Куп направија големо изненадување и го исфрлија Виљареал, во следната фаза одат на мегдан на Барса, кој е актуелен шампион на Шпанија. Погледнете ги како реагираа на ждрепката.
Во дербито на 19. коло од италијанската Серија А, Рома и Аталанта одиграа 1-1 и си поделија по бод. Во 90+4' минута од судиското продолжение, Жозе Мурињо доби директен црвен картон иако претходно веќе доби жолт во текот на мечот.
Англичаните немаат коло викендов, ама пак не мируваа и играа ФА Куп. Ливерпул го елиминираше Арсенал во 3. коло со триумф од 0:2, а играчите одлепија при една од прославите за гол. Во купот со нив се вклучи навивач, кој Нуњез го шлапаше по глава, а Конате му ја џитна капата.
Џуд Белингем има само 20 години и веќе има статус на ѕвезда во Реал Мадрид, ама има и манири, а тоа го покажа на Куп натпреварот против четвртолигашот Арандина.
Елиф Елмас се подготвува за дебито во Лајпциг кое се очекува да го има веднаш по зимската пауза во Бундеслига, а тоа е против Ајнтрахт Франкфурт на 13 јануари. Од клупскиот канал му направија мини интервју со куси прашања.
Кога овој човек беше во врвна форма, фудбалот го играше на посебен начин и беше број 1. Гледајте го внимателно клипов, како ги тероризира противниците со тоа бразилското во него, што го нема друг. Незаменлив лик без кој фудбалот е дефинитивно посиромашен. Танцуваше кога ќе примеше топка.
Пјетро има талент за фудбал, ама и проблем за да просперира. Внук е на поранешен мафијаш, еден од најопасните во Италија, а тоа до толку му прави проблем што го исфрлаат од екипа.
Бразилецот од Реал Мадрид, Родриго, објавил видео со кое се пофалил со новите заби прекриени со украсни и драгоцени камења. Цената на ваквите заби во Бразил движела од 3.000 до 140.000 бразилски реали. Овој тренд познат и како „dental grillz“ е процес на премачкување на забите со племенити метали и трае во просек од две до три недели.
Само 24 часа откако го регистрираа, 18 годишниот Витор Роке кој пристигна од Атлетико Параненсе дебитираше за Барселона. Големата бразилска надеж, кого го сметаат за наследник на Роналдо да Лима, пропушти голема прилика да се прослави веднаш со погодок.
Јувентус прв прими гол од Салернитана која поведе со 0-1 уште во првата минута по катастрофалната грешка на стоперот Гати. После тоа бјанконерите до врв ја наполнија мрежата на гостите од Југот и со 6:1 ги испратија дома. Шестиот, последниот гол на мечот беше дело на Тимоти Веа, син на легендарниот Жорж Веа кој игра за репрезентацијата на САД. Еврогол!
За наградата спонзорирана од Бадвајзер, за најубав гол на месец декември во англиската Премиер лига конкурираат: капитенот на Арсенал Норвежанецот Мартин Одегард, Аргентинецот од Ливерпул Алексис Мекалистер, како и Дани Велбек од Брајтон.
Севиља игра очајна сезона и има само 3 победи после 19 кола во Ла Лига. Синоќа дома загубија од Атлетик Билбао, а навивачите се очигледно фрустрирани бидејќи се немаат израдувано на триумф на домашен терен од септември. Навивач му дофрлаше на Рамос, а тој го прекина интервјуто и му свика дека треба да има почит према луѓето и клубот, бидејќи во моментот дава изјава.
Голманите сè почесто знаат да се претворат во голгетерски јунаци. Сезонава во ЛШ таков беше Иван Проведел од Лацио кој израмни против Атлетико Мадрид во 95-та минута. А сега пазете го овој на Куп натпревар за играчи до 20 години.
Прво ја победија Барселона на гости 2:4, за прв пат во историјата, а сега слават над Атлетико Мадрид 4:3, исто така за прв пат во историјата. Жирона сè повеќе наликува на Лестер 2016.
Не е напаѓач, туку игра во среден ред, но за сега ги следи стапките на брат му во изборот на два клуба. Роден е 2006-та и е под договор со ПСЖ кој смета на него.
Манчестер Јунајтед игра нова неуспешна сезона. Има 9 порази по 20 кола, на -9 од четврто место и на -15 од прво, со елиминација во ЛШ уште во групи. Мегваер и другарите од последната линија, нека го ѕирнат клипов кој во 1 минута е полн со слични или идентични голови кои ги примиле само сезонава. Дупка до дупка во одбрана.
На 30-ти декември се одигра големото шкотско дерби меѓу Селтик и Ренџерс. Победија зелено-белите 2-1 во жесток дуел во кој стрелец беше и еден од многуте Јапонци во тимот, Киого Фурунаши. Синоќа Селтик играше пак, против Сент Мирен на гости и победи 0-3 а првиот погодок на мечот уште во 54’ секунда беше дело на Јапонецот Маеда.
Фудбалскиот клуб Нектон бил официјално најслабиот во цела Англија во 2023-та година. Овој клуб не го слушнале ни најверните кладилничари кои знаат места по фудбалски клубови подобро и од најдобрите географичари.
На 30 декември, Нетфликс го објави документарецот за Мундијалот во Катар, направен во шест епизоди. Мислевме дека сè сме виделе од тоа аргентинската бараба, која ги спаси своите со ненормална одбрана во 123-та минута, ама овој детал го немаше во преносот.
Сè до сега беше сведено на бавно изведување на голманот или тупење на топката покрај корнер знаменце. Овој ги надмина сите очекувања на сите луѓе во светот што пратат фудбал. Се работи за играч на англискиот петтолигаш Јорк Сити кој има 1:2 на гости и напад во 98-ма минута.