Фудбал

Пола НБА од школо има само голем одмор

Минесота Тимбервулвс утре ја отвора новата НБА сезона со дуел против ЛА Лејкерс. Луѓето што им ги водат друштвените мрежи, на аеродром почнуваат некоја игра за разонода, секој играч да праша нешто свој соиграч. Лупаат глупи прашања ради реда. Доаѓа на ред Французинот Руди Гобер. Ги прашува на кој континент се наоѓа Египет. Претходно не знаат кој е главен град на Холандија а еден вика знам! Данска!

Еден од најјаките голчишта во историјата на Ла Лига

Енрике Кастро Гонзалес познат како Кини, важи за легенда во шпанскиот фудбал со 365 гола постигнати за Спортинг Хихон и Барселона, како и седум награди за прв стрелец од кои пет во Ла Лига и две во втора лига. Еден од нив е нешто посебно и го постигна пред точно 45 години на гости против Рајо Ваљекано. Цел стадион му аплаудираше.

Што знае Валенсија што е два-на-еден со голман?

Валенсија преживува можеби најтешки денови од клупската историја. Од сезона во сезона едвај се спасуваат да не испаднат, илјадници навивачи и натаму протестираат против газдата од Сингапур Питер Лим кој упорно го малтретира клубот и навивачите со лошо раководење. Синоќа Валенсија го претрпе седмиот пораз во сезоната со што е закуцана на дно на табела со само 6 бода после 10 кола. Изгубија дома од Лас Палмас 2-3 а имаа шанса макар за бод.

Мала провокација за Алфонсо Дејвис во диско

Ибра веројатно би се насмеал и би го игнорирал, Гатузо можно е да го фати за врат или да му влезе со клизачи, Роналдо би се изнервирал (ако е амблем на Барса) и би му покажал колку трофеи и голови има во кариерата. Дејвис врати со иста мера. Симпатично и во духот на атмосферата.

Бастони и Дибала во обратни улоги

Тој што не прати фудбал, од дуелов може погрешно да заклучи кој е тука напаѓач, а кој дефанзивец. Дибала изреагира симпатично и си призна отворено дека му се случи „где је лопта“.

Учинокот на Вардар против условно кажано албанските екипи

ФК Вардар има само само една победа на последните 21 натпревари против нив. Ќе одговара ли некој, прашуваат навивачите?

Ќамили погоди за Македонија, па со два комада го урна шампионот на Данска

Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили држи добра форма сезонава и за клуб и репрезентација. Само 10 дена откако даде гол за Македонија на гостувањето против Летонија, викендов беше играч број 1 против една од најдобрите дански екипи. Сондерјиске го победи Митјланд со 3:2, а Ќамили донесе двојна предност во 41 и 51 минута.

Необично соочување меѓу фудбалски легенди, напад против одбрана

Сеул беше домаќин на спектакл меѓу пензионирани играчи, меѓу кои и тазе како Азар и Бонучи, кој се играше пред 62.000 гледачи. Се натпреваруваа и во пенали и слободни удари. Имињата сè кој од кој.

Ги видовте ли супер ножичките на Осимен?

Галатасарај игра во одлична форма и со 0-3 ја совлада Анталијаспор на гости за 8-ма победа во турската Суперлига. Мауро Икарди даде два погодоци а Осимен покажа зошто беше најбаран фудбалер на светот цело лето.

Никогаш не се радувај пред време

Оваа лекција сурово ја научил еден фудбалер во тајландскиот фудбал.

Бари ли е, Бока ли е?

Страста за фудбал не познава граници, посебно кај вистинските навивачи. Погледнете ја атмосферата која ја направија навивачите на Бари на меч од Серија Б против Катанѕаро. Да не знае човек, ќе помисли дека гледа клип од Бока - Ривер. Скоро 20.000 биле на стадион. Лудило.

Греота за фудбалот е што не успеа да влезе оваа топка на Адриано

Интер vs Валенсија пред 20 години. Адриано vs Давид Наваро. Дриблинг каков што речиси и да не гледаме во денешно време. Каква играчина беше додека играше во топ форма. Штета.

Имаме цар на колото

Пазете го јунакот од полскиот суперлигаш Ракув Ченстохова. Хрватот Матеј Родин има 28 години и игра бек. На тешкиот дуел против Погон Шчечин влегува во игра од клупата за резерви во 82-ра минута. Во 90+10’ од судиското продолжение дава гол и во луда прослава соблекува дрес па добива жолт картон. Судијата после ВАР му го поништува голот. Родин во 90+13’ минута дава нов гол и пак лудо го слави и добива втор жолт картон и црвен. И победа за три бода.

Топот на Лаутаро

Интер одигра толку колку што му требаше на гостувањето во Рим и славеше 0-1 против Рома. Рутински нераѕурите му препуштија посед на ривалот и чекаа контри. После една таква експресно истрчана контра, Лаутаро налета на одбиена топка и ја распали со сета сила во мрежата на Свилар.

Нискоградба Јапонија

Во натпревар од 2. Лига на Јапонија, ЏЕФ Јунајтед со 2-1 го победил Вентофрет Кофу. Домашните фудбалери последните 2-3 минути ја чувале топката како што не се памти дека некој ја чувал досега. Вакво градење не се видело.

Гави се врати после 348 дена: голема чест за детето на Барса

Барселона игра како препородена под водство на новиот тренер Ханси Флик. Во шпанска Ла Лига на 10 меча имаат 9 победи и само 1 пораз со неверојатна гол разлика 33:10. Левандовски е убедливо прв стрелец со дури 12 гола. Синоќа славеа убедливо 5-1 против Севиља. Лева даде 2 гола, 2 даде и младиот Пабло Торе (еден од слободен удар) а 1 Педри. Токму Педри пред крајот му го отстапи местото на неговиот добар другар Гави кој се врати на теренот после 348 дена. Му дадоа капитенска лента а цел стадион го пречека со овации.

Изгледа во Холандија падна голот на сезоната

Одамна помина времето кога Ајакс како од шала им даваше по 6-7 гола на ривалите во холандската лига и освојуваше титули. Прославениот гигант одамна не е тоа што беше па натпревари како овој со Хераклес му се борба за гол живот. Победија едвај 3-4 а 40-годишниот голман Песвар прими гол од Марио Енгелс од преку пола терен за 2-1.

Малер на сезоната со брутален пресврт кец у два

20 годишниот Бразилец Винисиус Тобиас, кој е член на Шахтјор Доњецк, го истетовирал името на своето дете откако дознал дека неговата девојка е бремена, за подоцна ДНК тестот да покаже дека сепак тој не е таткото.

Нов блесок на Меси со хет трик за 11 минути вреден пресврт и историја

Лео Меси направи револуција во Интер Мајами. Клубот кој пред само година и пол беше на 29-та позиција од вкупно 29 екипи, го вивна на прва позиција со рекорден број на бодови и стана прв стрелец на клубот.

Перуанец го тетовирал автограмот од Меси

На една средба во Мајами каде Лионел Меси од престижната шпанска „Марка“ добил награда за најтрофеен фудбалер во историјата на фудбалот, гостин бил и некој Перуанец кој го обожувал Меси. Начекал автограм а после решил да го тетовира.

Само Мурињо знаеше како со Златан

Интер го обезбеди скудетото и последниот натпревар од сезоната беше рутински. Ибрахимовиќ видно изморен од прослави претходните ноќи, во тек на натпреварот му вика на Мурињо да го смени зошто едвај стои. Жозе покажа кој е шефот. Смени дури и голман само не Ибра.

Како Халанд, така и Меси

Очигледно има луѓе - монтажери со многу слободно време. Диско циркузот кој неодамна излезе со Халанд, го направиле и со Меси.

Фото на денот со легенди на Вардар

Во период на нова, по кој знае кој пат транзиција или трансформација, произлезена од чудни, матни и непознати методи на работа, на серија газди кои го доведоа до ова дереџе, налетавме на моќна вардарова фотографија. Секој нареден сопственик или акционер треба да ја погледне, пред да прави било што со македонскиот спортски бренд. Фотографија со многу тежина за која НЕ треба помош од Википедија.

Кога Барселона губеше 0:3 од Атлетико, но потоа на сцена стапи Роналдо

Милинко Пантиќ е веројатно единствен фудбалер од Србија и регионов кој може да се пофали дека и дал 4 гола на Барселона. Но и покрај тоа, си замина дома со пораз.