Фудбал

Двојниот стрелец на Енфилд со голчиште во Серија А

Интересен напаѓач е Џанлука Скамака и не за џабе има 15 настапи за Италија. Откако се врати од Вест Хем на домашно тло, сезонава има 14 гола за Аталанта. Му даде два на Ливерпул на гости во ЛЕ, а синоќа имаше гол и асистенција против Верона (2:2). Како домаќински си ја намести сам, нема бранење ова.

Нов блесок на Палмер со 4 гола, најбрз хет-трик и лоб од 40 метри

Иако има 21 година, Кол Палмер руши сè пред се. Стана прв играч на Челси после Френк Лампард со 4 гола на еден меч, па дури и го стигна Халанд на листата на стрелци.

Страшно добар гол даде Бразилец во Кина

Во новата сезона од најдобрата кинеска Суперлига се одиграа веќе 6 кола. Први на табела се Шангај Шенхуа и Ченгду Ронгченг. Овие вториве гостувале кај Чангчун Јатаи, губеле 1-0 но направиле голем пресврт во последните моменти од мечот. Прво во 90+5’ минута Бразилецот Фелипе постигнал чудесен гол со ножички за кои сам си асистирал. Кандидат за гол на сезоната и награда „Ференц Пушкаш“. Во 90+18’ Веи Шинхао дал гол за победа 1-2.

Најјакото гостување на сезоната го имаат навивачите на Ханза Рошток

Ханза Рошток е второлигаш и во моментов после 29 кола се наоѓа на 16-то место од 18 во германската втора лига. Секој бод им е од огромно значење. На пет кола пред крајот имаат исто бодови со два тима пред нив на табела, по 31 и ќе водат грчевита борба за опстанок. Минатиот викенд од Рошток до Берлин (232 километри, 2 ипол - три часа возење со кола) дошле 25.000 навивачи на Ханза.

Милиони лапаат, за пенал се караат како мали деца

Челси понеделнички се отвори со дури 6 парчиња во мрежата на Евертон од кои 4 се на Кол Палмер. За пенал бе фатија да се расправаат, па потоа Покетино им одржа лекција.

Остај ти Лесковац, што е со огромнава змија кај ФФМ?

Големо и језиво бре ова под трибина на игралиштето на ФФМ. Смок ли е, што ли е? Деца, пазете каде ги рогате тоа топките.

Будимир од Осасуна место да израмни во 97-ма, го изведе најлошиот можен пенал

Валенсија ја доби Осасуна на гости со 0:1, а хрватскиот напаѓач Анте Будимир после ова веројатно за последен пат ќе добие можност да шутира пенал за својот тим. Погледнете го што успеа да изведе и тоа во судиското продолжение.

Проклетството и траумите на Баер кој по 22 години го испрати во историја прекарот Неверкузен

Фудбалот носи возбуда и дополнителен шмек кога ќе се случат примери како Порто кога освои ЛШ, Лестер Премиер лига, пред сите оние милијарди на ултра богатите и кога ќе се најдат јунаци кои ќе го прекинат монополот на еден Баерн Минхен. Колку само мака видоа за да стигнат до тронот. Годиништа.

15 години од освојувањето на првата Пушкаш награда која ја освои Роналдо

Во 2009-та година ФИФА предводена од Сеп Блатер воведе награда за гол на годината и ја крсти „Ференц Пушкаш“ во чест на легендарниот фудбалер на Реал и селекцијата на Унгарија. Во тоа време сметан за најмоќен напаѓач со 806 клупски гола на 793 натпревари, како и 86 репрезентативни на 90 настапи, рекордни бројки за тоа време. Првата награда ја сефтоса Кристијано со луда бомба против Порто во ЛШ.

Змија прекинала меч во Лесковац, го каснала судијата

Невообичаен настан имало на мечот меѓу нисколигашите Горно Синковце и Радник во српскиот фудбал. Змија се појавила на теренот и ги исплашила присутните. Судијата испаднал најхрабар, ја фатил со раце да ја фрли, два пати го каснала, но успеал да се ослободи од неа.

Сјајната одбрана на Ливаковиќ кој го носи Фенербахче кон титула

Сосема неочекувано Фенербахче имал големи маки на гостувањето кај давеникот Фатих Карагумрук во турската Суперлига. Лидерот на табелата Фенер победи 1-2 со головите на Един Џеко во 49-та и Мичи Батшуаји во 57-ма минута од пенал. Домаќините претходно израмнија на истек на првиот дел а во последните секунди имаа и огромна шанса за бод. Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ со врвна парада спаси победа и три бода за Фенербахче кој е прв на табела со 2 бода пред Галатасарај кој има меч помалку.

Сите шампиони на Германија низ историјата

Баер Леверкузен ја освои првата шампионска титула во својата 119-годишна клупска историја и влезе во редот на клубовите кои станале прваци на Германија. Баерн е тука неприкосновен и ќе владее уште долго. На листата има уште некои интересни клубови кои веќе одамна не конкурираат за врвот а некогаш биле шампиони.

Славниот Сол Кембел гостин во Општина Илинден и на дербито Вардар - Работнички

Големо фудбалско име од Премиер лигата викендов ни дојде во Скопје, па дури нешто и од кампањата за избори фати, тоест го спомнаа во тој контекст.

Чаби Алонсо доби улица со свое име во Леверкузен

Четириесет и две годишниот Баскијец кој во својата играчка кариера освои бројни трофеи со Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, сега се докажува како еден од најврвните тренери на светот. Чаби Алонсо направи чудо со Баер Леверкузен, им ја донесе првата шампионска титула во 119-годишната историја а имаат и серија од 43 меча без пораз!

Приказна со најубав крај - Баер Леверкузен е шампион на Германија!

Фудбалерите на Баер Леверкузен, предводени од сјајниот Чаби Алонсо го остварија сонот чекан цели 119 години - прва шампионска титула за клубот чии навивачи денес се во делириум.

Добро, имаш ли ти памет?

Со фаулите и „фаулите“ во фудбалот се оди од една во друга крајност. Ако Барселона и Реал викендов си имаа работа со двајца манипулатори, англискиот четвртолигаш Гилингем се соочи со човек без осет. Се работи за извесен Џорџ Реј од Бароу кој повеќе од јасно е дека за ваков криминален стар ќе добие црвен. 10 минути му пружале лекарска помош на кутриот Џош Вокер кој потоа го вратиле во игра, ама по 10 минути го извадиле, а само што влегол.

Белингем понижи двајца, а судијата непостоечки фаул во напад му свирна

И Барса и Реал синоќа славеа 0:1 на гостувањата против Кадиз и Мајорка. И на двете средби бележиме двајца торковци од домашните екипи кои заслужуваат жолти картони, а и по една воспитна за нивното некоректно однесување, односно лажирање на прекршок. Во немоќ да го спречат Белингем двајца играчи на Мајорка, едниот ај погодете што направи. Се држеше за лице и падна на земја, а на забавената снимка убаво се гледа дека Англичанецот му го допира грбот.

Вардар има луд распоред во борбата за опстанок

До крајот на сезоната во македонскиот фудбалски шампионат има 7 кола и нешто повеќе од месец дена. Црвено црните ќе се соочат со дури пет противници на кои исто така им гори.

И кај нас да видиме еврогол од пола терен кој падна под Тумбе кафе

Мануел Ноер фори е ризична тактика во фудбалот, затоа што може да те сетат, како Јорданчо Наумоски од Пелистер што го сети голманот на Арсими во втората македонска лига. Пелистер славеше со 3:0, а го има и голот на сезоната.

Мора да се измисли некој картон за ваквите манипулатори

Барселона го совлада Кадиз со 0:1 во 31. коло од Ла Лига. Мечот го реши Жоао Феликс со ножички, а во истиот момент ја добивме веројатно најсрамната и најбедна глума оваа сезона. Погледнете ја реакцијата на играчот со број 20. За лице се држеше, па дури и падна на земја. Каква несреќа од играч.

Велелепна асистенција и неодбранлива бомба на Меси

Интер Мајами ја прекина серијата од 5 меча без победа, а за тоа се погрижија Меси, Суарез и Гомез кои со 2:3 го добија гостување против Канзас Сити. Убави два гола за домаќините постигна Ерик Томи. Ова беше трет најпосетен натпревар од регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата во историја. Голеадата ја следеа скоро 73.000 гледачи.

Матео Ковачиќ со мајсторија за најавни шпици

Манчестер Сити го торпедираше Лутон со 5:1 и изби на челната позиција пред утрешните пресметки на Ливерпул и Арсенал. Издвојуваме три прекрасни погодоци од средбата, дела на Ковачиќ, Гвардиол и Доку. Хрватот од среден ред изведе ремек дело.

Има ли играч кој не сака ваква мотивација на тренинг?

Не е само до милијардите дечки. За тренер треба да си кадарен. Парите не му ги донесоа сами тие 37 трофеи на Пеп во период од 15 години. Треба да знаеш како да сработиш, да им дадеш дополнителен буст на играчите за да се борат на три фронта и да укомпонираш 23 различни карактери меѓу кои и многу ѕвезди. Цар е, нема муабет. Едноставно му лежи работата.

Данска во историја нема видено ваква асистенција

Роден е во Португалија 2001-ва, член е на данскиот прволигаш Виборг, а има еден настап за Зеленортските Острови поради потеклото. За 500.000 евра го купиле лани од Есторил, цена која веќе му е порасната после оваа асистенција, можеби најмангупска за оваа сезона. Се вика Сержињо.