Фудбал

Вардар - Динамо Загреб 1982

Налетавме на преубаво парче фудбалска носталгија. Дуел меѓу Вардар и Динамо во април 1982-ра година во Скопје. Соблекувални со постери од голи женски, физиотерапевти, загревање, сè по пропис. Некој би рекол и подобро од денес.

Емоции на баба му на Орсолини до небо за пласманот на Болоња во Европа

И официјално Болоња следната сезона ќе биде дел од меѓународната сцена, само уште не се знае во кое од трите европски натпреварувања. Последен пат играа во Европа во 2002-ра во тогашниот Интертото Куп. Во Купот на УЕФА играа во 2000-та, а во ЛШ во далечната 1964-та, кога го освоија Скудетото, седмо и последно во нивната историја. Баба му на Рикардо Орсолини во солзи за фантастичниот успех на својот внук.

Искрен исповед на легендарниот Лимени кој му ја уништил кариерата на Драган

„Драганееееее“, е најславното драње од селскиот српски фудбал кое датира од пред 15 и повеќе години. Уште се раскажува за тоа, а познат е и епилогот на кариерата на Драган.

Што кога ќе му поставиш прашање на Анчелоти на германски јазик?

Дон Карло во својата екстремно богата тренерска кариера има и шампионска титула со Баерн Минхем во сезоната 2016/2017. Во пресрет на вечерашниот класик Баерн - Реал Мадрид во 1/2 финале на ЛШ, германските новинари го прашале нешто на германски јазик а тој признал дека престојот таму му бил убав ама дека од јазикот не научил многу.

Бомбастичните голови на Роберто Карлос

Иако после него се појавија многу страшни шутери и маестрални изведувачи на слободни удари, она што славниот бразилски лев бек го правеше беше уникат. И остана.

Џејми Варди пак е јунак - со 18 гола го врати Лестер во Премиер лига

Клубот кој во 2016-та година сензационално стана шампион во Премиер лига, минатата година испадна од најдоброто друштво а сега на едно коло до крајот на сезоната во сурово тешкиот Чемпионшип ја освоија титулата и се враќаат во богатата Премиер лига.

Педри со луд старт ја спаси Барса

При резултат 2-2 на дербито Барселона - Валенсија, гостинскиот фудбалер Диего Лопез излезе сам пред голманот Тер Штеген и со играч помалку во тој момент гостите можеа да дојдат до нова предност. Чист гол спречи Педри со навремен лизгачки старт. Цел стадион му аплаудираше.

Какво голчиште со ножички падна во Чиле

Во фудбалското првенство на Чиле, во 10. коло, Кокимбо со 1-2 го победил на гости Евертон. Во 51-ва минута страшно голчиште за Кокимбо дал Лусано Кабрал. Кандидат за гол на годината.

Тер Штеген направи тежок кикс кој не го чинеше многу

Валенсија храбро се држеше во првиот дел на гостувањето во Барселона. Водеа гостите 1-2 но на истек на првиот дел нивниот голман Мамардашвили доби директен црвен картон. Со играч повеќе во вториот дел Барселона направи комплетен пресврт и славеше 4-2 со хет-трик на Левандовски. А Тер Штеген во обид да испадне голем техничар им подари гол на гостите.

Идеални контри не пос....

Арис Лимасол - Пафос, натпревар од фудбалската лига на Кипар. Домаќините поведуваат преку Џејден Монтнор во 25-та минута после совршен контра напад. Гостите израмнуваат 1-1 после само неколку секунди.

На меч на Депортиво бранел тренерот на голманите

Пред натпреварот Депортиво Ла Коруња - Арентеиро од трета шпанска лига, гостите во краток временски период останале без првите двајца голмани кои се повредиле. Немале трет голман па ракавици облекол тренерот на голманите, 36-годишниот Диего Ривас. Не само што бранел туку сјајно бранел и бил најзаслужен за ремито 2-2 и бод против лидерот Депортиво кој на 4 кола пред крај е прв со 68 бода, 4 повеќе од вториот тим на Барселона, Барса Б.

Вистинска љубов кон клубот е кога во трета лига ќе одиш сам на гостување

Направете му статуа, стои во еден од коментарите за навивачот кој се најде сам на трибини да ги бодри своите на гости.

Црвен на мене? Па цела клупа ќе ја извадам

Матичниот клуб на Роналдињо, Гремио во новата сезона од бразилската Серија А после 4 кола има две победи и два порази. Синоќа изгубиле 1-0 од Баија а на крајот од мечот црвен картон добиле кој друг ако не Диего Коста (да, тој стариот од Челси и Атлетико Мадрид) и Натан Фернандез. Гостинскиот тренер Ренато Порталупи решава револтирано да ја прати цела клупа за резерви во соблекувална поради лошо судење.

Падобранец на прославата на Интер

На Пјаца Дуомо вчера на големо се славеше Скудетото број 20 на Интер. Прославата беше луда и незаборавна и немаше само луѓе.

Турски тренер и камерата

Педесет и две годишниот тренер на турски Сиваспор, Булент Ујѓун решил да ги поздрави гледачите пред малите тв екрани. Ракување со противничкиот тренер па со нив.

Два пати да заработиш оле од цел стадион

Виљареал со 3-0 го совлада Рајо Ваљекано а два нови гола даде Александер Сорлот кој стигна до бројката од 17 погодоци колку што има и Џуд Белингем, двајцата два помалку од лидерот Артем Довбик. Потегот на мечот го имаше левото крило на Виљареал и шпанската фудбалска репрезентација Алекс Баена.

Заслужен црвен картон за детето што собира топки

Малиот што го ангажирале да собира топки на мечот Сент Мирен - Глазгов Ренџерс е скаран е и со културата и со берберот. Само Ел Шарави му прави муабет.

Како за 60 секунди да станеш херој на најголемо дерби?

Виктор Ѓекереш е најинтересниот фудбалер од сенка во најдобрите Топ лиги во Европа сезонава. Унгарецот кој игра за репрезентацијата на Шведска го води Спортинг Лисабон кон нова титула во домашното првенство. 

ПСЖ стана шампион на Франција, може ли да освои историски квадрипул сезонава?

Фудбалерите на ПСЖ ја продолжија хегемонијата во француската Лига 1 откако синоќа со освоен бод на домашен терен против Ле Авр (3:3) во 90+5’ минута и теоретски ја заверија титулата во што им помогна и Лион со триумф над Монако.

Провокативен гест на Дамфрис кон Тео Хернандез за време на прославата на титулата

Дензел Дамфрис и Тео Хернандез се вратија за врат на последното градско дерби и добија црвени картони. Навивачите на Интер го продолжија тоа кошкање и го измонтираа ликот на Тео како да е куче, малтретирано од Дамфрис. Па уште и му ја дадоа фотографијата да ја мавта на автобус.

Судија донеси земја и гребло, не бива ова

Комедијата на колото ни доаѓа од втората германска лига на мечот меѓу Вехен Визбаден и Гројтер Фирт. Дупка им се појави покрај аут линија, па фатија да ја крпат.

Тензии во Солун на дербито ПАОК - АЕК

ПАОК и АЕК одиграа лудо дерби кое после голем пресврт го добија домаќините 3:2 со голови во 81-ва и 90-та минута. Гостинскиот тренер Матијас Алмеида после мечот буквално за врат давеше службено полициско лице задолжено за безбедност. Едвај го смирија. АЕК и натаму е прв на табела во грчката Суперлига со 75 бода, а ПАОК и Панатинаикос имаат по 71 на две гола пред крајот.

Проектил на Барди кој не се брани

Трабзонспор го доби Газијантеп со 4:2 и тоа после голем пресврт во вториот дел. Гостите на полувреме имаа 0:2, но примија 4 комада за само 18 минути. Онуачу постигна хет-трик, а Енис Барди со прекрасен удар го матираше голманот кој немаше шанси.