Зошто голот на Де Брујн не беше поништен со ВАР?

Мега пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити заврши 1:1 со два прекрасни голови на Винисиус и Де Брујн. Предмет на расправа број 1 во медиумите е спорниот гол на Белгиецот.

Полемиките за израмнувањето на Манчестер Сити во 67-ма минута, произлегуваат од една контроверзна ситуација на аут линијата кога топката излегува во аут пред Бернардо Силва да ја допре.

Анчелоти бурно реагираше и бараше да биде досуден аут, а поради жестоката реакција судијата му додели жолт картон.

Потоа следуваше погодокот за израмнување на Де Брујн по кој од ВАР немаше реакција.

Телевизискиот гигант Беин Спортс направи анализа и објасни дека ВАР не можел да реагира бидејќи не се работи за истата акција, а такви спорни моменти не се проверуваат.

„Иако топката излезе во аут, таа акција не важеше повеќе бидејќи Реал во продолжение го врати поседот со Камавинга кој стигна до топката на аут линија и со тоа почна нова акција. Поради тоа, ВАР не смее да се вклучи во проверката на голот. Ако Камавинга не ја прекинеше првата акција, тогаш ќе имаше проверка во ВАР собата“.

Истото го пишува и Марка

„Лос Бланкос тврдат дека топката излегла на крило пред голот на Де Брујн. ВАР не може да го прегледа, бидејќи напаѓачката фаза на англискиот тим започна подоцна, откако Камавинга ја загуби топката, па ВАР не може да ја прегледа толку далеку“.

Манчестер Сити и Реал Мадрид на Етихад се се среќаваат на 17 мај.

Двете голчишта од синоќешното полуфинале.