Лига на шампиони, 1 натпревар од полуфинале:
РЕАЛ МАДРИД - МАНЧЕСТЕР СИТИ 1:1 (1:0)
/Винисиус 36' - Де Брујне 67'/
Фудбалеите на Манчестер Сити од почеток на големото дерби тргнаа офанзивно и практично го натераа Реал да се брани на својот стадион, но на „кралевите“ тоа им овозможи игра на контра напади која што им донесе многу прилики.
Од една таква профитираа во 36' минута кога Бразилецот Винисиус на асистенција на Камавинга со еврогол го отвори резултатот 1-0:
На пауза се отиде со водство на Реал Мадрид, но во вториот дел Сити тргна во ист ритам како и во првото полувреме и во 67' минута офанзивата им донесе израмнување, со прекрасниот гол на Белгиецот Кевин де Брујне:
До крајот од мечот и двата тима играа претпазливо, без поголеми возбудувања пред двата гола и ремито 1:1 е можеби најправеден исход од првиот полуфинален натпревар
Финалистот ќе биде одлучен на реваншот во Манчестер за седум дена.