Заработувачката на балканските клубови од трансфери, Македонија кутра

Прочитавте колку пари за трансфери се вртеле летово во Англија која секогаш е на врвот, како и во останатите најпопуларни лиги од Европа. Но тоа е сосема друга галаксија во однос на нашиот реон, а ние не сме ни за таму.

Најголемиот бизнис на Балканот на тема трансфери дефинитивно се врти во Турција. Земјата каде редовно играа славни имиња, како на пример Марио Балотели кој летово потпиша за Адана Демирспорт, а денеска тренер му стана Винченцо Монтела.

Турските клубови последните 10 години свртиле скоро 2 милијарди долари во трансфери или поточно заработиле 848 милиони, а потрошиле 1,1 милијарда.

На втората позиција се Хрватите каде царуваше или царува Динамо Загреб со Мамиќ. Тие многу заработиле, а малку трошеле. 528 милиони наспроти 86 милиони долари.

И затоа што знаеме дека немате трпение, да преминеме побрзо на македонската реалноста која вели вака:

Нашиот јужен сосед заработил 55 пати повеќе, нашиот северен сосед 40 пати, а нашиот источен 15. 

Само со Албанија може да се споредуваме и да се пофалиме дека на ова поле сме појаки од Косово. 

ВО МЕЃУВРЕМЕ ОДИМЕ ВО КРАТОВО

2 септември 2021 - 13:29