Децата коишто влегуваат на терен фатени за рака од играчите е убава традиција.
Во најорганизираната и најгледаната лига на светот, дел од клубовите продаваат специјални пакети во кои заедно со влезница за мечот (за двата родители), може и да се сликате со ѕвездите, да добиете автограм и вашето дете да излезе на теренот пред мечот со фудбалерите.
Цената на овие пакети е различна за многу премиерлигаши:
- Вест Хем: 700 фунти
- Лестер: 600 фунти
- Тотенхем: 405 фунти
- Вулверхемптон: 395 фунти
- Кристал Палас: 375 фунти
- Брајтон: 350 фунти
- Барнли: 300 фунти
- Кардиф Сити: 255 фунти
- Вотфорд: 250 фунти
- Борнмут: 185 фунти
Од топ клубовите на оваа листа е само Тотенхем. Останатите топ клубови од Премиер бесплатно ги пуштаат децата а изборот најчесто паѓа на сопствената фудбалска академија или од некои благотворни програми од разни здруженија.
И покрај тоа што цените се високи, има огромен број понуди за ваквите пакети. Некои родители тоа го спремаат како подарок за родеден на нивните деца, што значи дека има и такви кои плаќаат по 700 фунти на пример за детето да излезе на терен со капитенот на Вест Хем Марк Нобл.
Има и клубови од Чемпионшип (втората англиска лига) кои нудат вакви пакети. Свосни на пример, нуди пакет по цена од 478 фунти (скапо дури и по мерките на Премиер лига), па навивачите се жалеле и затоа клубот ја спуштил цената по испаѓањето од Премиер.
BBC ги цитира навивачите кои се жалеле дека од традицијата е направен бизнис. Порано такво право си требал да заслужиш со своето однесување а сега едноставно доволно е само да си богат.
На Светското 2018 во Русија на терен излегуваа деца кои учествувале на конкурсот на „МекДоналдс“ и било бесплатно.