По хет-трикот против Ермис и голот против Ахнас, продолжува голгетерската серија на Тричко кој годинава има 6 или вкупно 12 сезонски погодоци во кипарскиот шампионат.
Македонскиот репрезентативец ја доби пресметката против поранешниот македонски селектор Чеде Јаневски кој го води Олимпијакос Никозија со 2:1.
Тричко стрелеше во 3-та и 26-та минута, а автогол за АЕК Ларнака си постигна Даниел Мојсов за конечни 2:1. Стартер за домаќините беше и Стефан Спировски.