Заради претходни инциденти овој натпревар се одигра на неутрален терен без многу полициски сили, а навивачите го искористија слабото обезбедување и се судрија.
По жестоката тепачка повеќе лица биле префрлени во болница, а бразилските медиуми шпекулираат дека можно е да има и една жртва, а неколку навивачи се во кома.
Дуелот беше многу важен за двете екипи затоа што поените на Атлетико му беа потребни за пласман во Копа Либертадорес, а на Васко де Гама за избегнување на опасната зона. Натпреварот продолжи по долга пауза, а на крајот Атлетико Параненсе триумфираше со 5:1 и Васко да Гама се пресели во втората лига.