Тиквеш на Градски направи празник за очи со три мајсторски голови за 9 минути
Кавадарчани имаа деби настап на европската сцена како никој. Во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига го совладаа исландскиот претставник Брејдаблик со 3:2 и тоа после негатива од 0:2 на 16 минути до крајот. 74-та минута Кристијан Стојкоски, 80-та минута Мартин Стојанов, 83-та Лео Гера. Головите кој од кој поубав.