Таг: фк тиквеш

Еврогол на Вардарци, тепачка на Лозари со управата и удрен судија

Судијата Александар Ставрев не дозволи 90 минути фудбал меѓу Тиквеш и Вардар и предвреме свирна крај. Победата оди кај гостите благодарение на евроголот на Закариќ. Настрада помошникот кој од публика го погодија со тврд предмет, а Спорт1 објави видео од тепачка на која се гледа како домашните навивачи напаѓаат двајца членови од раководството на Вардар.

Тиквеш на Градски направи празник за очи со три мајсторски голови за 9 минути

Кавадарчани имаа деби настап на европската сцена како никој. Во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига го совладаа исландскиот претставник Брејдаблик со 3:2 и тоа после негатива од 0:2 на 16 минути до крајот. 74-та минута Кристијан Стојкоски, 80-та минута Мартин Стојанов, 83-та Лео Гера. Головите кој од кој поубав.

Кавадарци не спиеше, се славеше фудбалска историја

Убави фудбалски приказни се испишуваат сезонава низ Европа. Таква една ни доаѓа и од нашиот фудбал. Фудбалерите на Тиквеш ја совладаа Воска Спорт на Градски во Скопје со 2:1 и го освоија Купот на Македонија. За нив тоа е прв трофеј од формирањето на клубот, кој ќе им овозможи и излез во Европа. Кавадарци гореше, пехарот стигна синоќа во градот.

Транспарентот на сезоната во мак фудбалот го држат Камерунци

Анаел Нгоба игра за Тиквеш, а Марселин Кандо во Работнички. 

Незапамтен спектакл во Кавадарци, пиротехничко шоу го запали градот

Навивачката група „Лозари“ од Кавадарци на неверојатен начин го прослави 30-от роденден на групата. Точно во 22:10 часот навивачите на Тиквеш распалија бакљи и огномети а локалната ТВ РТК го пренесе спектаклот во живо.