Кавадарци не спиеше, се славеше фудбалска историја
Убави фудбалски приказни се испишуваат сезонава низ Европа. Таква една ни доаѓа и од нашиот фудбал. Фудбалерите на Тиквеш ја совладаа Воска Спорт на Градски во Скопје со 2:1 и го освоија Купот на Македонија. За нив тоа е прв трофеј од формирањето на клубот, кој ќе им овозможи и излез во Европа. Кавадарци гореше, пехарот стигна синоќа во градот.