Ако некој италијански клуб после Јуве и Наполи заслужува најмногу да игра во Лига на шампиони следната сезона, тоа дефинитивно е Аталанта. Колку и да сте големи навивачи на Милан, Рома или Лацио, нема изговор, бидејќи дечкиве се страшни сезонава.
Зборуваме за најефикасниот тим во Серија А оваа сезона кој има постигнато 71 гол, два повеќе од Јуве, пет од Наполи и дури 19 од Интер. Играат опасен напаѓачки фудбал од кој настрадаа сите сезонава, а го имаат и Дуван Ѕапата.
Колумбискиот напаѓач ја игра сезоната на кариерата. Има 22 гола, еден повеќе од Роналдо и Пјонтек и три помалку од лидерот Кваљарела.
За да ви доловиме колку се јаки ќе ги извадиме само нивните резултати со големите екипи од Серија А од кои имаат само два порази на 11 средби.
Рома – Аталанта 3:3/Аталанта – Рома 3:3
Милан – Аталанта 2:2/Аталанта – Милан 1:3
Аталанта – Интер 4:1/Интер – Аталанта 0:0
Аталанта – Наполи 1:2/Наполи – Аталанта 1:2
Аталанта – Лацио 1:0/Лацио – Аталанта 1:3
Аталанта – Јувентус 2:2
Со вчерашниот гостински триумф над Лацио, тимот од Бергамо речиси ги исфрли момците на Инѕаги од битката за ЛШ, а големи се шансите да извисат и Рома и Милан, особено ако Милан синоќа не ја победи вечерва Болоња.
На Аталанта за пласман на четврто место потребни и се уште 7 бода кои ќе ги брка дома со Џенова, со Јуве на гости, па дома со Сасуоло.
Илјадници навивачи синоќа ги пречекаа после гостувањето во Рим