Се сеќавате ли на легендарниот Јан Рајт кој во 90-те газеше за Арсенал? Епа синоќа беше во Скопје на Северна трибина меѓу новинарите, во својство на стручен коментатор кој директно ги коментираше настаните од терен.
За помладите, 60 годишниот Рајт направи фантастична кариера во Арсенал (1991-1998), каде сè уште е втор стрелец со 185 гола. Пред него е само Тиери Анри.
За топџиите потпиша за тогашен клупски рекорд од 2,5 милиони фунти од редовите на Кристал Палас каде ја почна кариерата во 85-та.
Важеше за миленик на Хајбери кој успеа да стане клупски стрелец број 1 во шест од вкупно седум сезони. Во четири од нив имаше минимум 30 голови по сезона.
За него се велеше дека е голем голгетер или уште поточно стрелец на јаки голови. Кошмар за голманите.
Со Арсенал ја освои Премиер лигата, два пати ФА Купот и Купот на Куповите на победниците.
По заминувањето од Арсенал како шампион во 98-ма, играше во Вест Хем, Нотингем Форест и Селтик, а кариерата ја заврши во Барнли 2000-та.
Се пензионираше со 324 гола, а постигна и 9 гола на 33 настапи за Англија.
И двата синови му се пензионирани фудбалери, Бредли Рајт Филипс и попознатиот Шон Рајт Филипс, инаку шампион со Челси 2006-та со Мурињо.
Јан Рајт има и внук фудбалер од Шон кој настапува за Стоук.
А сега погледнете го Јан како се радуваше на гол на Арсенал минатата сезона, постигнат во 97-та минута, за победа против Борнмут.
You’ll never guess who scored in the very last seconds. 😂😂 pic.twitter.com/Aw3AjF2dtZ
— Gary Lineker (@GaryLineker) March 4, 2023