УЕФА го казни Скендербег со 10 годишна забрана за настап на европските натпревари, како и плус парично во висина од 1 милиони евра. Оваа казна е до сега невидена и рекордна која ја изрекува Европската куќа на фудбалот.
Албанскиот прволигаш се товари дека наместил 53 натпревари во квалификациите за ЛШ и ЛЕ, како и во домашното првенство почнувајќки од 2011-та година.
Albania’s Skenderbeu has been handed a 10-year ban from European competition by UEFA over match fixing and fined €1 million in the worst ever punishment for a European club.
— Albanian Soccer (@Albanian_Soccer) March 29, 2018
„Ние сме чисти, но очекувавме ваква казна. Сигурни сме дека сме невини, а ако Судот за арбитража во спортот ни ја одбие жалбата, ќе одиме пред швајцарскиот федерален суд“, изјави Ардијан Такај, сопственик на 75% од акциите на клубот.
Највисоката казна од страна на УЕФА претходно и беше доделена на прилепска Победа за наместен натпревар од квалификациите во Лига на шампиони против Пјуник од Ерменија во 2004-та година.
Победа бепе исфрлена во најнизок ранг, доби 8 години забрана за настап во Европа, а нивниот газда Александар Забрчанец - Ацуле и капитенот Николче Здравески добија доживотни забрани за вршење на било каква дејност во фудбалот.
Арбитражниот суд во Лозана ја потврди казната, но ја уника само онаа на Николче Здравевски поради недостаток на докази.
Наместениот натпревар се одигра во Скопје, а гостите го добија 1:3. Ова се трите гола на Ерменците.