Син му на Турам пред мечот со Интер морал да докажува дека е играч
Вечерва на „Сан Сиро“ во Милано се игра дуел од Лигата на шампионите меѓу Интер и Борусија Менхенгладбах. Шпицот на Германците го води Маркус Турам, син на прославениот француски стопер Лилиан. Ама пред да влезе на стадионот во Милано морал на редарот да му покаже документи дека стварно е играч. Немал при себе лична карта и пасош па му гуглал на редар.