Иниеста, Фабрегас, Чави и нивните соиграчи ја сочинуваат најскапата репрезентација на Европското првенство кое од 8. јуни до 1. јули ќе се одржи во Полска и Украина. Вкупната вредност на сите фудбалери од репрезентацијата на Шпанија изнесува 641 милиони евра, а со огромно заостанување во вредноста на второто место е Германија чија вредност изнесува 375 милиони евра.
На третото место е Португалија (331), четврти се Англичаните (326), а петта е Италија (314). Најевтини се Грците кои вредат само 63,9 милиони евра.
Најскап фудбалер кој ќе настапи на Европското првенство е Кристијано Роналдо чија вредност е проценета на 90 милиони евра. По него следат пет Шпанци (Иниеста, Фабрегас, Чави, Силва и Торес), а помеѓу најскапите 10 се и Снајдер, Пике, Рибери и Ибрахимовиќ.
Вкупна вредност на репрезентациите:
1. Шпанија - 641 милиони евра
2. Германија - 375
3. Португалија - 331
4. Англија - 326
5. Италија - 314
6. Франција - 306
7. Холандија - 236
8. Ирска - 190,8
9. Чешка - 179,9
10. Русија - 165
11. Хрватска - 146,9
12. Шведска - 116
13. Украина - 96,8
14. Данска - 79,9
15. Полска - 64,7
16. Грција - 63,9
Најскапи играчи:
1. Кристијано Роналдо (Португалија) - 90 милиони евра
2. Андрес Иниеста (Шпанија) - 65
3. Сеск Фабрегас (Шпанија) - 54
4. Чави (Шпанија) - 45
4. Давид Силва (Шпанија) - 45
6. Фернандо Торес (Шпанија) - 42
7. Весли Снајдер (Холандија) - 40
8. Жерар Пике (Шпанија) - 38
8. Франк Рибери (Франција) - 38
10. Златан Ибрахимовиќ (Шведска) - 35