Шалке ја наполни мрежата во Мадрид, но не стигна до четвртфинале

По ремито во Швајцарија, фудбалерите на Порто славеа убедливо против Базел, со што си обезбедија пласман во друштво на најдобрите 8 екипи од Европа. Шалке го изненади Реал со 4:3 на гости, но Кралевите имаат 2:0 од првиот дуел и со вкупни 5:4 одат понатаму.

Реал Мадрид - Шалке 3:4
Роналдо 25' 45', Бензема 53' - Фукс 20' Хунтелар 40' 84' Сане 57'

Европскиот првак за малку ќе доживееше елиминација пред своите навивачи, но тоа го спречи Икер Касиљас кој успеа да ги скроти ударите на германскиот состав кој во последните минути се закани со петти гол за четвртфинале. Двојни срелеци на Бернабеу беа Хунтелар и Кристијано Роналдо кој сега е осамен на челната позиција на стрелци во европските натпреварувања. Португалецот има 78 голови, Меси и Раул по 76.

Порто - Базел 4:0
Брахими 14` Херера 47` Каземиро 56` Абубакар 76`

На вториот осминафинален меч во Лигата на шампионите немаше неизвесност бидејќи Порто пред своја публика го декласираше Базел со 4:0.

 

10 март 2015 - 22:45