Рамос има освоено 22 трофеи со Реал Мадрид, ама во неговата автобиографија ќе влезат и 29 црвени картони (за сега).
Еден од најдобрите, но и најгруби дефанзивци во изминативе 20 години, на гостувањето против Реал Сосиедад доби жолт картон во 82 минута, а по 6 минути уште еден.
И тука не заврши сагата меѓу него и судијата, на кој упорно му објаснуваше дека одел на топка, а цел свет на видеото гледа дека нога ќе му скршеше.
По грубиот и жесток старт, главниот судија отиде на ВАР снимка да го прегледа дуелот, а потоа го поништи вториот жолт и му даде директен црвен. Целосно заслужено.
37 годишниот Шпанец стигна до бројка од вкупно 29 црвени картони на сите натпреварувања, рекорд со кој не може да се пофали друг играч, ако е воопшто ова за фалење.
Во Ла Лига има 21, а минимум 20 имаат уште двајца, тоа се Рафаел Маркез со 21 и Фелипе Мело со 20.
Севиља во 88 минута остана без двајца играчи, бидејќи поради протести кај судијата, црвен доби уште еден ветеран, а тоа е Хезус Навас кој за прв пат на 38 години е исклучен од игра.
Севиља загуби 2:1 и е во серија од седум меча без победа, а се наоѓа на 15 позиција.