Се пишува фудбалска интелигенција, се чита Лука Модриќ

По мечот Хрватска - Русија, WhoScored за играч на мечот го прослаги Модриќ и тоа со извонредна оценка 9.19. Ја поткрепуваат со статистиката: една асистенција, четири клучни додавања, осум успешни дриблинзи, четири изнудени прекршоци и 102 додавања. Sвер e со топката.

Тој сите ги фасцинира, истакнувајќи ја својата класа, техника и следствено на тоа неговите игри, голови, асистенции...На толку талент ова се нормални работи за него.
 
Но ако го гледате внимателно, она што е највпечатливо за Лука Модриќ е неговото константно движење меѓу двете линии и превентивните покривања во средниот ред.
 
Неговата важност во тимот се состои од тоа што целосно ја држи играта смирено, ја има контролата на топката, ги пресретнува противничките додавања и едноставно полека во секој напад ја крчка играта.
 
Тоа се факти кои се гледаат од планина и докажуваат со бројки. Модриќ е фудбалерот кој остварил најмногу додавања на овој Мундијал (217), а погрешил само шест на сите пет натпревари.
 
 
На четврфиналниот дуел со Русија замислете имал само едно погрешно додавање. Каков податок. Знаете ли кога се случило тоа? Во 97-ма минута.
 
Кога се зборува за фудбалска интелигенција се мисли на Лука Модриќ, бидејќи неговата е натпросечна. Тој игра рационално и кога играта станува хаотична.
 
Магијата е мост кој ви овозможува да се движите од видливиот во невидливиот свет и да ги научите лекциите од двата света, вели Пауло Коелјо.
 
Во фудбалот, тој е еден од магионичарите кои не носат од еден во друг свет.
11 јули 2018 - 14:19