Салах го постигна најбрзиот хет-трик во историја на Лига на шампиони

Ливерпул покажа голема надмоќ над шкотски Ренџерс и тоа на гости среде „Ајброкс“ во Глазгов. Иако домашните први поведоа и сите помислија дека лошата форма на Ливерпул од Премиер лига се префрла и во Лига на шампиони, црвените не само што брзо израмнија туку во второ полувреме дадоа дури 6 (шест) гола и славеа 1-7. Јунак на триумфот е Мо Салах.

Јирген Клоп и Ливерпул демонстрираа сила во Шкотска. Иако се реши да комбинира со составот па ги остави на клупа Мохамед Салах, Енди Робертсон и Диого Жота, Клоп дефинитивно ја имаше формулата да го прегази Ренџерс.

Египќанецот, веќе неколку сезони еден од најдборите играчи на светот во игра влезе во 68’ минута наместо Уругваецот Нуњез кој само две минути претходно постигна гол за 1-3.

Салах ја зема топката и во рок од само 6 минути и 12 секунди постигна три гола за најбрз хет-трик во Лига на шампиони и подвиг буквално за Гинис.

13 октомври 2022 - 09:53