Реинилдо и Гризман со два груби стартови, првиот со две нозе и без памет

Барселона и Реал Мадрид се елиминирани во Копа дел Реј, а натаму тргна и Атлетико кој за пласман во финале ќе има тешка задача во Баскија. Чудни судиски одлуки паднаа во Мадрид.

Само кратко време после судискиот хаос кој се создаде на дуелот меѓу Реал и Алмерија во Ла Лига од кој Кралевите профитираа со победа, чудно судење се случи и во Купот.

Атлетико Мадрид загуби 0:1 од Атлетик Билбао во едно од двете полуфиналиња, во меч кој според некои логични судиски критериуми домаќините заслужија два или барем еден црвен картон.

Мечот го реши Беренгер со гол од пенал во 25 минута после прекршок кој нејасно е како можеше да заврши само со жолт картон. Го направи Реинилдо Мандава од Мозамбик, кој сезонава го игра самиот третиот меч за Атлетико.

Опасен старт со две нозе, за кој отсекогаш се давало црвен.

Втората спорна ситуација е прекршокот на Гризман кој на Сансет му влезе со ѓон и не доби ниту жолт картон.

Чудни судиски критериуми кои уште почудно е зошто никој не ги корегираше во ВАР собата, која очигледно во многу наврати гледаме како се користи по лична волја.

Инаку реваншот се игра на 29 февруари, а во другото полуфинале меѓу Мајорка и Реал Сосиедад немаше голови.

8 февруари 2024 - 12:33