Раниери ќе ги води хелените

Поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Рома и Монако е назначен за нов селектор на грчката фудбалска репрезентација кој стигна до осминафиналето на Мундијалот во Бразил.

Како нов предводник на Грција, Клаудио Рениери сега ќе може да игра константна одбрана, својствена за грчката селекција и за него. Тоа претходно не му успеваше во Монако со кој завршуваше на второто место во домашното првенство зад силниот ПСЖ.

Грците своите натпреварувања на Мундијалот ги завршија во 1/8 финалето каде беа поразени на пенали од Костарика, а довчерашниот селектор Сантос не ја направи очекуваната смена на генерација.

Според тоа, Италијанецот ќе има задача да најде замени за Самарас, Карагунис, Стоидис и останатите ветерани, кои ќе се збогуваат од националниот тим.

„Ги гледав натпреварите на грчката репрезентација на СП во Бразил и видов голем напредок во играта. Имав неколку понуди, но уште по првата средба со претседателот на фудбалскиот сојуз на Грција одлучив да ја преземам нивната селекција“ - изјавил Раниери на промоцијата.

25 јули 2014 - 14:55