Историски момент се случи синоќа на Донбас арената во Доњецк. Во 66-та минута од натпреварот во игра влезе Рајан Гигс со што тој стана нов крал на Лигата на шампиони.
Тоа беше 145-ти настап за Велшанецот во Лигата на шампиони со што тој стана нов рекордер на ова натпреварување. До овој успех тој стигна за 19 сезони.
Претходниот рекорд го држеше легендарниор Раул кој со 71 погодок се уште е најдобар стрелев во ова натпреварување.
Најмногу настапи во Лигата на шампиони:
1. Рајан Гигс - 145
2. Раул - 144
3. Паоло Малдини - 140
4. Чави - 139
5. Кларенс Сидорф - 131
6. Пол Сколс - 130
6. Икер Касиљас - 130
8. Роберто Карлос - 128
9. Карлес Пујол - 118
10. Андриј Шевченко - 116
Освен по бројот на настапи, Рајан Гигс сруши уште еден рекорд. Фудбалерот кој наскоро ќе напочни 40 години одигра натпревар против 50-ти различен противник во Лигата на шампиони.