Ја направи после мечот меѓу Салертината и Верона кој заврши 2:1 Натпревар кој беше решен со гол во 94-та минута и на кој беше избегната тепачка во судиското продолжение во кое беа доделени два црвени картони.
И покрај големата тензија, двајца играчи, инаку противници на терен, седнаа на скалите во подтрибинскиот простор и поделија пица.
Се работи за Федерико Бонацоли (Салернитана) и Симоне Верди (Верона), двајца напаѓачи кои заедно играа во Торино и лани заедно го спасија од испаѓање.
„Насмеани и со полни усти. Муабет, некоја шега, сеќавања. Не знам што со кажаа, но овој кадар доловува две позитивни вредности на спортот: пријателство и споделување, што е многу повеќе од еден натпревар. Благодарност до Бонацоли и Верди што не потсетија“, пишува Република.
Bonazzoli e Verdi condividono una pizza nel tunnel degli spogliatoi dell’Arechi. Sono amici dai tempi del Toro, l’anno scorso hanno salvato la Salernitana insieme. #SalernitanaVerona @DAZN_IT pic.twitter.com/EigUEdGrPy
— Giovanni Barsotti (@GioBarsotti) October 9, 2022