За ждребот на групите за Мундијалот се погрижија фудбалски великани и поранешни освојувачи на претходните 19 светски првенства, а само дел од нив беа Матеус, Зидан, Канаваро, Кафу, Гиџа и Јеро.
Италија, Англија и Уругвај кои се поранешни светски шампиони се најдоа во непосакуваната група на смртта, а домаќинот Бразил фудбалскиот празник ќе го отвори против Хрватска.
Интересен ќе биде и дуелот кое е реприза од финалето од пред четири години помеѓу Шпанија-Холандија кои се најдоа заедно во групата Б, а воздбудливо се очекува да биде и на средбата Германија-Португалија.
Рапоред:
Група А: Бразил, Хрватска, Мексико, Камерун
Група Б: Шпанија, Холандија, Чиле, Австралија
Група Ц: Колумбија, Грција, Брегот на Слоновата Коска, Јапонија
Група Д: Уругвај, Коста Рика, Англија, Италија
Група Е: Швајцарија, Еквадор, Франција, Хондурас
Група Ф: Аргентина, БиХ , Иран, Нигерија
Група Г: Германија, Португалија ,Гана, САД
Група Х: Белгија, Русија, Алжир, Република Кореја
Фудбалското лудило ќе се одржи од 12-ти јуни до 13-ти јули во 12 различни градови во Бразил. Бранител на трофејот е селекцијата на Шпанија, а дебитант од поранешните југословенски простори е Босна и Херцеговина.