Паузата удри по фудбалот, во Сион раскинати договори, Гладбах се откажува од плати

Коронавирусот ја ИСпрати фудбалската сезона во карантин, стадионите се пусти, клубовите не заработуваат. Ако сезонава не заврши според предвиденото, само клубовите од Топ5 лигите ќе изгубат 3,4 милијарди евра, смета KMPG.

Но повод за паника веќе се јавува меѓу некои клубови затоа што без натпревари тие губат пари предвидени за плати на фудбалерите кои седат дома и не тренираат.

Човек кој ќе биде запаметен како прв кој донел драстична и не баш убава мерка е газдата на англиски нисколигаш Барнет кој официјално отпуштил 70 работници од клубот, освен фудбалерите кои ги штитат договори.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИОН ГИ ОТПУШТИЛ ФУДБАЛЕРИТЕ КОИ НЕ ПРИФАТИЛЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТИ

Швајцарскиот клуб Сион решил да ги раскине договорите со дури 8 првотимци.

Кога јавноста виде со кого решил да раскине договр била малку конфузна затоа што станува збор за сериозно добри фудбалери: Сејду Думбија, Алекс Сонг, Јоан Џуру, капитенот Пајтим Касами.

Претседателот на Сион Кристиан Константин ја објавил оваа одлука преку писмо до локалниот весник

„Клубот ја изгуби можноста за заработка. На играчите им предложивме да преминат на минимален договор, би добиваа според него 12,500 швајцарски франци (околу 12.000 евра), но фудбалерите не излегоа во пресрет и тоа придонесе за раскин на договорите“.

Најгласен бил менаџерот на Јоан Џуру:

„Оваа одлука е апсолутно незаконска. За еден ден не е можно да се средат сите документи. Никој од клубот не одговара на нашите обиди да ги контактираме“, рекол агентот на некогашниот бек на Арсенал.

Во фудбалската асоцијација на Швајцарија исто се на страна на фудбалерите. Тие сега бараат оптимално решение и компромисен излез од ситуацијата.

„Очекуваме да се откажат раскинувањата на договорите. Да се почне отворена дисусија за алтернативни варијанти за решение на проблемот“, рекол првиот човек ја швајцарската фудбаслка асоцијација Лусиен Валони.

ВО МЕНХЕНГЛАДБАХ ИГРАЧИТЕ САМИ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ПЛАТИ ВО КОРИСТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО КЛУБОТ

Во целава ситуација има и светли примери. Во Борусија Менхенгладбах играчите доброволно се откажале од дел од платите.

„Играчите сфаќаат што се случува. Ова е и нивна работа. Тие веќе размислија и екипата се откажува од дел од платите со цел да се помогнат вработените во клубот и соработниците. Наша цел е да издржиме во време на криза. Се надеваме дека нема да мора да прибегнеме кон откази. Борусија е првиот германски клуб кој се реши на ваков чекор. Заедно со играчите од дел од примањата се откажа и тренерот Марко Розе и целата управа“, рекол директорот на клубот Штефан Шиперс.

Една од варијантите за спас што може да се спаси е остатокот од сезоната да се игра без публика, со тоа би се сочувале телевизиските приходи.

„Бундеслига без навивачи не е тоа што го сакаме. Но ако фудбалот некое време продолжи без гледачи со празни трибини, тоа ќе овозможи на некои клубови да преживеат во кризата“.

Од управата на Менхенгладбах соопштиле дека еден меч без гледачи може клубот да го чини во просек околу 2 милиони евра.

20 март 2020 - 09:54