
Ова беше 22 гол на Меси надвор од шеснаесетник во Лига на шампиони и по тој параметар се израмни со Кристијано Роналдо.
Лионел од почетокот на новава сезона веќе постигнува гол на четврти меч по ред. Претходно ги начна Ница (2:1), Лион (0:1) во Лига 1 и Макаби (1:3) во Лига на шампиони.
Бенфика стана 40. тим во Лига на шампиони против кој Аргентинецот забил погодок. Кристијано Роналдо кој е втор на оваа листа има гол против 38 тима.
Во оваа Лига на шампиони сезонава Меси веќе има 2 гола и 1 асистенција на три меча а вкупно досега сезонава за клуб и репрезентација има 12 гола и 8 асистенции. За ПСЖ веќе запиша 8 гола и 8 асистенции што е најава за нова магична сезона.