Несторовски со победнички гол за Удинезе

Удинезе славеше 2:3 на незгодното гостување кај Торино. Гостите имаа 0:2, „биковите“ во само 2 минути израмнија, но Несторовски кој во игра влезе во 62' минута од клупата, донесе големи и важни три бода за тимот од Удине.

За шпицот на македонската репрезентација ова беше 1 гол сезонава на 4 настапи:

За Удинезе ова е трета победа во серија и веќе стигна до 13 бодови, додека Торино останува на 6 и е во опасната зона која води во Б.

12 декември 2020 - 21:06