Луј ван Гал во ист тим во средина од 90-те ги имаше Ван дер Сар, Рајзингер, Франк де Бур, Роналд де Бур, Едгар Давидс, Марк Овермарс, Франк Рајкард, Кларенс Сидорф, Патрик Клајверт. Тим за кој слободно човек може да каже дека не им треба тренер.
Го сметаат за еден од најдобрите во историјата на фудбалот, а има и зошто. Три сезони по ред не даваа никој друг да ја освои титулата во Холандија, а таа сезона 1994/1995 играа како да се од друга планета.
Домашното првенство го освоија без загубен натпревар, а во Лигата на шампионите го урнаа големиот Милан на Фабио Капело кој во тоа време ги имаше Малдини, Барези, Костакурта, Донадони, Панучи, Бобан, Масаро.
Во Интерконтиненталниот Куп (сегашно Светско клупско првенство) беа подобри на пенали од Гремио и на тој начин стигнаа до три трофеи.
Како може да реагира човек на друг начин освен да им ракоплеска, како што тоа го прави нивниот тренер. Друг тим во ваква ситуација само ќе ја исфрли топката за да не прими гол.