- Со играчите зборуваше на четири јазици: италијански, шпански, англиски и француски, така што немаше проблем околу разбирачката.
- Пред секој натпревар го анализираше секој играч на кој ќе му суди и плус ги учеше имињата на сите играчи од двете екипи.
- Уште од почеток се постави со авторитет и со него немаше многу преговарања, без разлика на тоа колкава ѕвезда е самиот играч.
- Роден е во Болоња, каде во 1984-та завршил економија.
- Почнал да игра фудбал како дефанзивец во локален клуб, но потоа завршил курс за судии во 1977-ма, каде откриле дека го бива многу.
- Во 1988-ма напредувал побрзо од нормалното во трета лига и по три сезони бил промовиран како судија во Серија Б и Серија А.
- Во тој период развил тешка форма на алопеција, што резултирало со трајно губење на косата.
- По финалето на СП 2002, од Роналдо доби дрес и топка, а фудбалерите и од двете репрезентации му честитаа за одлично завршената работа.
- По судењето на мечот меѓу Јапонија на Турција на истиот Мундијал, станал познат меѓу Јапонците и се појавил на тв реклама за храна. Станал многу популарен и во Турција, бидејќи ниту еден турски тим, а ниту репрезентацијата, не загубиле меч со него.
- Единствен судија во историјата кој имаше чест да се најде на насловната страна на видео играта ПЕС.
- Серија А го прогласи за судија на годината седум пати. Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика го прогласуваше за најдобар судија во светот, шест години по ред (1998-2003). Франс Фудбал го прогласи за најдобар судија на сите времиња.
- Во 2004-та беше дел од реклама за српското пиво МБ заедно со актерот Лазар Ристовски. Во рекламата кажува цитат кој е познат во Србија: „Нема чекај Лазо, дај МБ пиво“.