Фудбалерите на Локомотив Софија имале тежок натпревар против лидерот на табелата во бугарското првенство, тимот на Лудогорец, а тренерот Стефан Генов го обвинил фудбалерот Мартин Димитров дека наместо да биде дел од мечот, тој одбрал да оди на бања со природна кал.
Локомотив Софија натпреварот го загуби со 4:0, а разлутениот Генов одлучил целосно да се откаже од услугите на 26 годишниот Димитров.
„За моето отпуштање дознав од медиумите. Ми се јави директорот на клубот Кристијан Добрев и ми рече дека тренерот нема повеќе да ме повикува во составот. Мислам дека ниту еден професионален фудбалер не би му рекол на тренерот такво нешто за кое што сум обвинет. Ова е некаква шега. Навреден сум бидејќи се работи за клуб од моето детство", негира Димитров.
Фудбалерот од средниот ред имаше 39 настапи за Локомотива, а претходно го носеше дресот на Черноморец и Несебар.
Димитров оди во исто друштво заедно со Никлас Бентнер.