Наполи и Барса ремизираа на „Диего Марадона“, Порто со еврогол го доби Арсенал

Во крајно цврст натпревар Барселона имаше повеќе од играта во Неапол и прва поведе преку Роберт Левандовски, но Наполи се избори за реми преку Нигериецот Осимен. Во Порто на „Драгао“ домаќинот во последните секунди го совлада Арсенал со чудесен гол на Галено.

Лига на шампиони, 1/8 финале први натпревари:

Во натпревар одигран на стадионот кој го носи името на легендарниот Диего Армандо Марадона кој го носеше дресот и на Наполи и на Барселона, двата тима ремизираа пред реваншот на „Камп Ноу“.

Барселона имаше повеќе од играта, создаде и повеќе шанси пред голот на домаќините но Наполи го имаше својот расен голгетер кој одново покажа дека е светска топ класа.

НАПОЛИ - БАРСЕЛОНА 1:1 (0:0)
/Осимен 75' - Левандовски 60'/

ПОРТО - АРСЕНАЛ 1:0 (0:0)
/Галено 90+4'/

21 февруари 2024 - 23:08