Фудбалерите на Удинезе синоќа ја изненадија Рома на Олимпико со победа од 0:2. По пауза од седум месеци меѓу стрелците беше Илија Несторовски во второ полувреме, а во прво стрелаше Кевин Лазања на асистенција на Родриго кој имаше сосема друга идеја. Не сте виделе посреќна асистенција.