Дагенхам и Редбриџ – Лејтон Ориент 14:13 (Фудбал Лига Трофеј)
Натпреварувањето во кое учествуваат екипи од трета и четврта англиска лига, во 2011 година го донесе рекордниот број на 27 постигнати пенали во Англија на професионално ниво, исто како вчера на Енфилд Роуд. Домаќините триумфираа откако голманот конечно одбрани.
„Мислам дека на мечов ќе нема одбрани", изјави тренерот на Ориент.
Макслфилд – Форест Грин 11:10 (ФА куп)
Овие петтолигаши во 2001 година ја остварија најдолгата пенал серија во историјата на ФА купот, а меѓу играчите имаше и сегашен член на Ливерпул кој беше во првиот состав.
Се работи за Рики Ламберт кој промаши за Макслфилд, но со тоа не му расипа сметките на својот тим кој победи со 11:10. Потоа во петгодишниот престој во Саутемптон имаше репутација на мајстор од белата точка, но вчера не го видовме во таа улога, бидејќи беше заменет со Балотели кој даде два гола.
Холандија – Англија 13:12 (ЕУРО У21)
Регуларниот дел од полуфиналниот меч на младинското европско првенство заврши 1:1, откако Лалињата израмнија во 89 минута. Драмата продолжи во продолженијата од мечот кога Англичаните при три направени измени останаа со 9 играчи на терен бидејќи им се повредија двајца.
Откако и двете селекции имаа по три промашени удари, клучната утка ја имаше Антон Фердинанд кој ја погоди пречката, а Холандија се пласираше во финале.
Брокенхарст – Андовер 15:14 (аматерски меч)
Во октомври 2013 година Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека аматери на Сениорски куп оствариле рекорд на погодени пенали на островот.
Промашувањето се случи по дури 29 успешни удари од белата точка, а фудбалерот кој го промаши 30-от и единствен шут по мечот изјави:
„Бев возбуден но многу нервозен". Сум учествувал и друг пат во пенал серии, но никогаш на волку долги. Пред да шутирам си реков: Ау не, ова ќе оди на тв, ќе промашам на тв.", изјави Клаудио Херберт.
КК Палас – Сивикс 17:16 (Куп во Намибија)
Апсолутниот рекорд во изведување пенали се случи во 2005 година во Намибија кога по 48 изведени удари од белата точка, КК Палас победи со 17:16, а во регуларните 90 минути беше 2:2.
„Не знаевме дека е рекорд, но многу сме горди. По натпреварот, сите играчи беа навистина ослободени од притисокот.", изјавија за Си Ен Ен од фудбалската асоцијација на оваа земја.
Западна Германија – Франција (СП 1982)
Првата пенал серија на Светските првенства го носи и рекордот на најдолга. Се случи на Мундијалот во Шпанија кога во полуфиналето по нерешените 3:3 Германците славеа со 5:4 Со ист резултат на СП САД 1994 Шведска во четвртфиналето ја совлада Романија.