Марко Ван Хинкел за подмладување на Милан

Холандскиот играч кој е блиску до трансфер на „Сан Сиро“ доби пофални зборови од Мурињо, но незгодната повреда го спречи да биде достојна замена за ветеранот Френк Лампард во Челси.

Роден е на 1. Декември 1992 година во Амерсфот (Холандија), а првите чекори ги направил во младинската школа на Витесе, клуб кој пред неколку години стана филијала на тимот од Стемфорд Бриџ.

Откако на 11 години минал во матичниот клуб од Анхајм, дебито за сениорскиот тим на црно – жолтите во холандската Ередивизија го имал на 17. години.

Во сезоната 2012/13 потенцијалниот холандски репрезентативец на 37 натпревари постигна 11 гола и беше прогласен за талент на годината. Тоа беше препорака за негов трансфер во Лондон на „Стемфорд Бриџ“.

Ван Хинкел во Челси дојде минатото лето, на инсистирање на Мурињо, кој имаше во план токму Холанѓанецот да го наследи заменик капитенот Френк Лампард, кому му истече договорот со „сините“.

Сепак, кратко неговата авантура во Челси беше прекината, затоа што во септември минатата година во дуелот против Свиндон од купот на Англија ги повреди лигаментите и тоа беше негов последен настап за екипата од Лондон.

Во меѓувреме, само што седна на клупата на Милан, новиот тренер Пипо Инзаги инсистираше управата да му донесе играч кој може да игра на сите страни во средниот ред.

Откако имаа неколку неуспешни обиди со Алесио Черчи од Торино и Даглас Кошта од Шахтјар Доњецк, од Милан се решени својот состав да го засилат со 21 годишниот Ван Хинкел, за кој според Газет, Милан и Челси почнале да преговараат.

За неговите предиспозиции Специјалниот рече:

„Ван Хинкел е играч кој ја покрива целата средина, особено во дефанзивата, а прв е кога екипата тргнува во против напад. Исклучително добро е физички граден и што е најважно има прецизна пас игра“, вели Португалецот.

27 август 2014 - 17:14