Аргентинскиот ас пристигнал во Наполи на 23 години од Барселона, а бил претставен на 5 јули 1984-та пред 75.000 навивачи кои биле убедени дека доаѓа спасителот, во ситуација кога тимот се борел за опстанок и во време кога никој не сакал да игра таму. Останатото е историја. Успеа да ја прекине доминацијата на северот и Наполи да го направи првиот клуб од југот кој станал шампион.