Марадона ќе игра за петтолигаш

Диего Армандо Марадона му се враќа на фудбалот! Легендарниот Аргентинец на 53 години ќе се активира во петтолигашот Депортиво Риестра.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња повторно ќе ги облече копачките. Диего Армандо Марадона на 53 години ќе се врати од пензија и ќе игра за аргентински петтолигаш.

Марадона го прифатил повикот од својот пријател, адвокатот Виктор Стинфале кој е сопственик на фудбалскиот клуб Депортиво Риестра.

Пензионирот кој нема активно играно 16 години, се очекува да дебитира за клубот од аргентинската петта лига на 23 март.

21 февруари 2014 - 12:44