Паоло Малдини кој 25 години го носеше дресот на „Росоњерите“ е револтиран од сегашната ситуација на неговиот клуб кој има очајна сезона и се наоѓа на 11 место во Серија А.
Причините за падот вели дека лежат во тоа што си заминаа многу играчи со победнички менталитет, но и во тоа што во клубот не работат вистинските луѓе и легендите како што е случајот со Баерн Минхен и Реал Мадрид.
„Го уништија мојот Милан. Немаат никаков план, а раководството не работи на високо ниво. Ми велеа дека не им треба спортски директор. Истовремено се чувствувам бесен и разочаран, но не поради резултатите, затоа што и друг пат се случило да бидеме на 10 или 11 место, туку поради тоа што имам впечаток дека се отиде во канта од тоа што се градеше во последните 10 години“, вели за Газета дело Спорт 45 годишниот Малдини.
Тој се уште се чувствува како дел од клубот каде тренираат неговите две деца. За успешни резултати вели дека се потребни идеи, проекти и голема страст, а Милан вели дека го има само третото, а тоа не е доволно.