Манчестер Јунајтед освои 3 бода на гостувањето против Евертон со триумф од 1:2, благодарение на голот на Роналдо кој го реши мечот на крајот од првиот дел.
Португалец влезе во игра во 29-та минута на местото на повредениот Марсијал и постигна гол на асистенција на Каземиро со кој пет сезони играа заедно во Реал Мадрид.
Cristiano Ronaldo has now scored 700 goals in club football, more than anyone else in the history of football & 9 goals more than the next highest goal-scorer (Lionel Messi).
— Statman Dave (@StatmanDave) October 9, 2022
Historic achievement. 🏆 pic.twitter.com/saF2FNT0SO
Со овој погодок, Роналдо стана првиот играч во историјата со 700 клупски погодоци, а зад него е Меси со 9 помалку. Првиот го постигна за Спортинг пред 20 години.
Со 5 победи и 3 порази, Јунајтед е петти на табела на само бод до Челси. Во следното коло го пречекува Њукасл на кој му бега еден бод со натпревар помалку.