„Има работи преку кои не поминувам: Почит на мојата личност, на тимот и пред сè на семејството. Се случија работи кои ги допреа овие принципи“.
„Во текот на кариерата, тренерот треба да прави исправни работи. Од тој момент, веќе никогаш не успеав да го пренесам на екипата тоа што сакам“, изјави Силвио Бладини, седум години по лудачкиот напад на бес.
„Цел свет виде како нè оштетија. Ветерот на судиите секогаш дува против Италија. Си одиме со високо крената глава, но ова е страшна неправда". Џовани Трапатони збесна, поддржан од цела Италија.
Во 2002, Аѕурите испаднаа од домаќинот Јужна Кореја по криминалното судење на Еквадорецот Бајрон Морено. На тренерот Трап делуваше како бесен рис, експлодираше и маваше по плексигласот зад кои стоеа луѓето од ФИФА. Во 2010 на Бајрон Морено му најдоа 6 килограми хероин и го уапсија. Сепак сликата на бесниот Трапатони брзо се прошири по светот.
Жозе Мурињо (17 август 2011)
Најдобар експлозив може да се добие кога Мурињо гледа како Барселона го победува Реал Мадрид додека 120.000 луѓе му скандираат „Каде си сега Мурињо". Ел Класико во Супер Купот на Шпанија, летно време како подготовка за новата сезона.
Марсело со две нозе му посака добредојде на Фабрегас (штотуку вратен од Арсенал), а судијата извади црвен. Мурињо збесна и во општиот метеж на Камп Ноу му брцна со прст во око на Тито Виљанова, тогашниот помошник на Гвардиола.
Карло Мацоне (30 септември 2001)
„Ќе има трето полувреме", урлаше Карло Мацоне на 30 септември 2001 на дербито меѓу Бреша и Аталанта. Тензијата и амбиентот беа идеални за стариот Мацоне да побудале. Навивачите од Бергамо го навредуваа римскиот тренер, а Бреша врати на теренот преку Роберто Баџо. Сепак, Бергамашите направија тотален пресврт преку Дони, Командини и Сала, но Баџо израмни на 3-3.
Миксот од бес, радост, страв, адреналин Мацоне реши да го ослободи со тоа што тргна кон трибината на Аталанта да се пресмета со навивачите. Едвај го смирија, но сликата за мирниот Карлето веќе беше мит.