Ливерпул на самиот старт на 2024-та го совлада Њукасл со 4:2 и по 20 одиграни кола е прв со 45 бода, пред изненадувањето Астон Вила која има 42.
Натпревар со два гола на Салах и една прекрасна асистенција, потоа доста сомнителен пенал, многу промашувања на Дарвин Нуњез и голеада од 74-та до 86-та минута кога паднаа дури четири комада. Одиме со ред.
49 минута: 1:0, стрелец Салах после убавата комбинација на Диаз, Нуњез.
54 минута: 1:1, стрелец Исак.
74 минута: 2:1, нова убава комбинација на Ливерпул овој пат на Салах и Жота и гол на Џонс.
78 минута: 3:1, после мајсторската асистенција на Салах за Гакпо
81 минута: 3:2, откако по само три минути Свен Ботман ја заби со глава.
86 минута: 4:2, после сомнителниот пенал врз Жота кој го реализираше Салах.
Нуњез еден на еден со Дубравка.
Лудата пречка на Арнолд.
Двете шанси на Нуњез за две минути.