Клаудио Раниери денес ќе треба да си носи полнач за телефонот со себе па и резервна батерија, бидејќи ова на Твитер е само почеток со честитките кои ќе ги добива. Му честитаа поранешни и актуелни играчи, колегите и сонародници Манчини, Анчелоти, Алегри, потоа неговиот поранешен клуб Палермо каде беше играч, како и дел од екипите на кои им беше тренер.